22.9 C
Ohrid
среда, септември 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДонатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена...

Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово.

<

Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра.

Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за медицинска опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот Шуки истата ја купил за 10 илјади евра. Не наведуваат за каква опрема станува збор и кои се останатите осомничени. Дел од косовските медиуми јавија дека во случајот е вклучен и Интерпол.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработен во кумановскиот суд натепан од колега

На 09.09.2025 во 08:45 часот во СВР Куманово, С.С.(60) од Куманово пријавил дека на неговото работно место во доставна служба во Основен суд Куманово...

Награда од 3.000 евра за тој што ќе каже кој го запали автомобилот на Галетановски

Откако завчера беше запален неговиот автмобил БМВ 5, претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорги...

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституционална соработка со РСБСП. Денеска заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на...

Тепачка меѓу вработени на патарината Миладиновци

На 08.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, М.А.(48) од Скопје пријавил дека околу 18:50 часот на работното место на наплатна станица Миладиновци, по...