8.8 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаБрутално насилство врз 10 месечно бебе, директорката на градинка во Гевгелија назначена...

Брутално насилство врз 10 месечно бебе, директорката на градинка во Гевгелија назначена од Тренчовска го крие случајот- Велат од Вмро Дпмне

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеничката Ангелина Петкова денеска на прес конференција објави случај на брутално насилство врз 10 месечно бебе во градинка во Гевгелија.

<

Според неа, директорката Елизабета Стефановска, поставена од министерката Јована Тренчовска молчи и го крие инцидентот.

Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата.

Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавува родителот на бебето ден потоа.

Елизабета Стефановска е директор на детската градинка „Цветови“. И за истата да остане директор на градинката како кадар на Социјалдемократскиот сојуз, и покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов.

Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска.

Тренчовска му ги одзема ингеренциите за да можат директорите на Социјалдемократскиот сојуз да продолжат да ги држат функциите додека условите во градинките се сѐ полоши.

Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи. И реакција и одговорност мора да има.

Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција.

Ова е втор инцидент на дете со големи повреди во мандат на истата директорка. Уште што треба да се случи за истата да биде сменета?

Затоа повикуваме. Одговорност за инцидентот мора да има. И треба да бидат санкционирани со отказ и да се поднесат соодветни пријави.

Ја повикуваме министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави заради прикривање и не преземање дејствија.

Во исто време наместо да продолжи со самоволието министерката Тренчовска да ги врати ингеренциите на градоначалникот Андон Сарамандов, и да не се меша во работењето на градинките, зошто гледаме до каде не донесоа партиските кадри на Социјалдемократскиот сојуз во институциите“, вели Петкова.
Извор:4news

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...