27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавата на Мијалков му одзеде 6,14 милиони евра, ама никој не го...

Државата на Мијалков му одзеде 6,14 милиони евра, ама никој не го праша од каде му се парите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 17 ноември Агенција за управување со одземен имот на Министерството за финансии во буџетот му префрлила 374.638.383 денари, или 6,14 милиони евра, пишува Фактор.

<

Агенцијата за конфискација за прв пат во историјата откако е основана префрла во буџетот вака голема сума на пари. Досега, запленетиот имот главно се состоел во автомобили кои понатаму се распределувале на државните органи, или пак се одземале недвижнини со комплицирана понатамошната постапка за продажба по судски пат.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, за „Фактор“ изјави дека овие пари се одземени од поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков и понатаму со нив ќе располага државата.

– Тоа е „сува“ пара од случаите со Сашо Мијалков и најдобриот резултат досега на агенцијата, не само јас откако сум директор, туку воопшто откако е основана. Можам да најавам само дека и во наредниот период ќе следуваат огласи на кои ќе биде објавуван одземен имот за продажба по претходна проценка на неговата вредност од Бирото за судски вештачења и дека очекувам нови приливи на финансиски средства, ни одговори Асани.

Претходно најдобар резултат, кога станува збор за готовина, оваа институција покажала во 2015 кога на два пати во буџетот биле префрлени по стотина милиони денари. Асани вели дека за подобри резултати потребни се повеќе професионалци и побара од Министерството за финансии да му ги одобри потребните вработувања. Единствено задоволен е од тоа што барем агенцијата добила нови поголеми простории за работа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...