20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСОРОС ја затвора својата фондација во Скопје

СОРОС ја затвора својата фондација во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фондацијата Институт Отворено Општество на филантропот Џорџ Сорос ја затвора својата подружница во Скопје – дознава Радио Лидер од извори блиски до Њујоршката централа на организацијата.
Како што дознава Лидер, од централата на Сорос одлучиле проектите во Македонија да бидат опслужувани преку подружницата на фондацијата во Тирана.

<

Во исто време, нивниот извор тврди дека нема да бидат продолжени договорите на менаџментот во Скопје и на директорката Фани Каранфилова Пановска.

Фондацијата на Џорџ Сорос, со години инвестираше десетици милиони долари во проекти за развој на цивилното општество во земјава и зајакнување на институционалните капацитети.

Во изминатите години филантропските активности на оваа фондација, беа предмет на низа коментари, контроверзи и теории на заговор од медиумите и политичките чинители во земјава.

Како што дознава Радио Лидер, затворањето на канцеларијата во Скопје нема да значи дека оваа фондација веќе нема да има проекти во Македонија. Проекти ќе има во намален обем и тие ќе одат преку Тирана.

Инаку, филантропот Џорџ Сорос и неговиот син Алекс се блиски пријатели до албанскиот премиер Еди Рама, па оттука на познавачите им станува разбирливо зошто Албанија станува регионален центар.

Идеологија на фондацијата отворено општество доаѓа од филозофијата на еден од најистакнатите интелектуалци во дваесетиот век, Карл Попер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...