14.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСо „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

Со „мерцедесот на Груевски” Штајнмаер дојде во Кавадарци!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денес попладне дојде во Кавадарци, а посетата била резултат на германските инвестиции во градот.

<

Тој пристигна со луксузниот мерцедес од речиси 600.000 евра, а за кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор, за примање награда и противзаконито влијание за случајот ,,Тенк”, а за истиот случај началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски доби 6 години и шест месеци за злоупотреба на службена должност и овластување.

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пак, беше осудена на 6 години затворска казна за злоупотреба на службената положба.

Помеѓу граѓаните кои го забележале доаѓањето на германскиот претседател имаше такви кои веднаш прокоментираа дека станува збор за ,,луксузното возило на Груевски”, а градоначалникот Јанчев за ,,Фокус” потврди дека се работи за истото возило.

За време на посетата во Кавадарци, Јанчев и Штајнмаер разменија подароци, филигран со симболот на вечноста за германскиот претседател и филигран со логото на Синалко за семејната компанија на градоначалникот Кожуфчанка, бидејќи Штајнмаер потекнувал од местото каде се наоѓала фабриката на Синалко во Германија

Кога е мерцедесот во прашање, уште пред околу пет години поранешниот премиер Зоран Заев јавно изјави дека возилото ќе биде продадено, а со парите ќе се набават амбулантни возила.

Потоа мерцедесот беше конзервиран, бидејќи бил материјален доказ во случајот ,,Тенк”, и продажбата беше одложена.

По пресудата на Апелација, за случајот ,,Тенк” Груевски доби 2 години затворска казна, а Јанкуловска и Поповски по четири години, а мерцедесот и по завршувањето на постапката очигледно останува да се користи за потребите на Владата.

Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...