2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаПолицијата го уапси 18-годишното момче за кражбата на возилото на Брза Помош...

Полицијата го уапси 18-годишното момче за кражбата на возилото на Брза Помош во Кочани

Осумнаесетгодишно момче е осомничено за кражбата на возилото на Итната медицинска помош во Кочани, од кругот на болницата. Тој вчера бил уапсен во 15.40 часот.

Како што веќе информираа од МВР, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош.

По преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал дела, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштија денеска од МВР.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...