15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаНачалникот кој ги лажел колегите во случајот Флешер, стоеше до Спасовски на...

Началникот кој ги лажел колегите во случајот Флешер, стоеше до Спасовски на пресот во СВР Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

(началникот во СВР Скопје Вулнет Аземи, стои крајно лево од Спасовски во прв ред, носи црвена кравата и има брада)

<

Минатиот петок при посетата на СВР Скопје, на новинарско прашање за случајот Флешер поврзан со автомобил користен од синот на заменикот Назим Буши, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не се знае кој го возел автомобилот мерцедес, но со сигурност знае дека не е Ќерим Буши. Меѓу присутните на прес конференцијата беше и началникот со советничка функција во СВР Скопје Вулнет Аземи.

Денеска пак МВР тврди токму Адеми бил полицискиот функционер кој ги лажел колегите полицајци (МВР тоа го нарече доведување во заблуда) дека мерцедесот на приватна фирма било службено возило по што полицајците воопшто не го регистрирале случајот и прекршокот, брзо возење и нелегално користење флешери.

Нејасно е како началникот Аземи уште тогаш не му кажал на министерот Спасовски за кого интервенирал за да биде пуштен автомобилот кој според МВР не го возел Буши помладиот.

МВР соопшти дека Г.К., 29-годишен скопјанец е возачот на автомобилот со таблички 0202. Со оваа регистрација има два автомобили кои ги користи синот на Буши, мерцедес од приватна битолска фирма и ауди А6 земен под лизинг од банка…

Според информациите на Телма, началникот Аземи интервенирал за 29-годишниот Гентиан Колци.

МВР не објасни каква е врската меѓу високопозиционираниот полициски началник и Колци кој ја возел колата за која сите знаат дека ја користи син на заменик министер за внатрешни работи.

Нејасно е зошто тогаш реагирал и лажел началникот Аземи кој како што се гледа на фотографијата пред СВР Скопје го пречека Оливер Спасовски во шпалирот скопски полициски функционери минатиот петок без уште тогаш да се даде објаснување кој е виновникот во полициските редови за случајот Флешер.

Миомир Серафиновиќ Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...