21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПромовирано капиталното дело „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“

Промовирано капиталното дело „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во рамки на традиционалната свеченост посветена на Свети Климент Охридски беше промовирано капиталното дело „Книга за светите браќа Климент и Наум Охридски“ која е издадена под покровителство на Општина Охрид, како дел од овогодинешните чествувања посветени на патронот на градот. Автори на книгата се Проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски.

<

Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

Неoписливо е чувството на гордост што денеска сум тука, заедно со Вас, на оваа свечена промоција и што ја имам честа да говорам за едно вредно книжевно дело посветено на нашите светители, учители и духовни исцелители Свети Климент и Свети Наум Охридски.

Навистина е тешко да изберам вистински зборови за да ја доловам мојата возбуда, што како филолог, македонист, охриѓанец и пред се како Македонец можам да потврдам дека оваа книга е уште еден значаен доказ за нашиот идентитет, светол паметник на нашето потекло и неизбришлив дел од милениумската историја на Охрид и Македонскиот народ.

„Радувај се Клименте, зошто живее твојата писменост, твојата црква, твојата школа. Радувај се, Науме зошто жива е твојата одбрана на седмочисленичкото ваше заемно дело. И сега и секогаш и во вечни времиња. Знајно и вистинито“ – со оваа порака завршува воведното слово на оваа книга, која низ нејзините страници не води низ животот на овие свети браќа, ни раскажува за нивното книжевно дело преку најзначајните житија и написи од најпознатите слависти, преродбеници и литературни дејци.

Во ова издание се поместени и низа творби од народната и уметничката литература, кои носат силна порака и навистина вреди да се прочитаат.

Почитувани,

Воодушевен сум од трудот на авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски и нивната умешност во креирањето на уште едно издание кое ќе остави длабока трага и силен печат на охридското и македонското културно богатство. Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков сакам уште еднаш да им упатам срдечна благодарност и да им оддадам посебно признание за сите досегашни изданија кои ги приредија за Општина Охрид.

Ова е шеста книга од серијалот на книги со кои локалната самоуправа покажа дека е цврсто определна да ги негува културните традиции и да дава придонес во зачувување на историските вредности на Охрид.

Убеден сум дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина и верувам дека наскоро ќе може да се радуваме на уште некое ново значајно издание.

Во пресрет на утрешниот голем празник посветен на патронот, заштитникот на Охрид, кога го славиме и чествуваме името на нашиот Свети Климент Охридски, би сакал да упатам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија со порака дека треба да ја чуваме нашата историја бидејќи таа е нашето битие и темел на нашата иднина и иднината на новите генeрации!

Нека ни биде честит и вековит празникот, нека е вечно и вековито името на Свети Климент Охридски, нека е вечен нашиот Охрид, истакна Божиновски во своето обраќање.

Промотор на изданието „Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“ беше новинарот и публицист Диме Ратајкоски кој истакна дека станува збор за едно дело кое навистина и е потребно на македонската историографија и лингвистика, особено сега во овој период кога и македонистиката преживува навистина едни траорни случувања по однос на признавањето, непризнавањето на нашиот јазик.

Овој зборник доаѓа во вистински моменти, затоа што претставува едно дело, кое и е потребно на македонската публика и потребно е да се обновува затоа што внатре се собрани дела не само на еминентни истакнати историчари и проучувачи, туку и оригинални историски автентични извори во превод на современ македонски јазик, кои ќе бидат доближени на македонската јавност, македонската публика и на обичниот читател. Дела, статии и прилози кои што расветлуваат и го објаснуваат животописот на двајцата големи просветители не само во македонската историја, туку во сесловенската историја, тоа се Светите Климент и Наум Охридски. Верувам дека општина Охрид заедно со македонската интелектуална историска елита ќе продолжи да ја негува оваа традиција на запазување на се што е автентично, историско, што доаѓа и потекнува од овој крај и ќе го афирмира не само Охрид и македонската историја, туку и пошироко за најразлични цели и интереси, истакна Ратајкоски.

Според него делото е еден вид потсетник на најзначајните моменти од македонската историја, најголемите и најзначајни проучувачи на делото на Свети Климент и Свети Наум Охридски и дава една нова свежа мисла по однос на тоа како треба и како ќе се третира нивното дело.

Книгата „Книга за Светите браќа Климент и Наум Охридски“ има 315 страници и е издадена во тираж од 300 примероци. Главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски, а технички уредник Јованчо Димоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...