24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСуспендираниот началникот во МВР за случајот „Флешер

Суспендираниот началникот во МВР за случајот „Флешер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Покрај новоотворената дисциплинска постапка во МВР, Вулнет Аземи има и спомен фотографија со лидерот на ДУИ. На фотографијата која ја доби Телма, началникот Аземи којшто ги лажел колегите полицајци и го предизвика случајот „Флешер“, поврзан со синот на заменик министерот Назим Буши, стои прв до Али Ахмети.

<

За Аземи е отворена дисциплинска, како и за двајцата полицајци кои, како што тврди МВР, тој ги довел во заблуда. Аземи им кажал на колегите да ја избришат пријавата за мерцедес кој со флешери возел пребрзо и ги доведувал во опасност останатите возачи на Качанички пат. Лагата на скопскиот полициски началник била дека автомобилот мерцедес е службено возило.

Министерот Спасовски денеска во Струмица дојде со врвот на МВР, ама без заменик министерот Назим Буши. Вели дека случајот е расветлен, откако МВР соопшти дека мерцедесот не го возел синот на Назим Буши, туку Гентиан Колци, вработен во скопски хотел во градскиот парк. Спасовски се виде со началникот Аземи во петокот во СВР Скопје, се поздравија. Спасовски тврди дека не е важно зошто уште тогаш началникот не му кажал за својата ургенција за Колци, а стоеше до министерот кој не знаеше кој е возачот за кој Аземи ургирал.

Како началникот Аземи за неколку минути разбрал за пријавата за мерцедесот со регистрација 0202, поврзан со синот на Буши и како началникот е поврзан со прекршителот Колци. Одговор Спасовски не дава на овие нејасни околоности.

И покрај сите дилеми и мистерии, Спасовски е уверен дека внатрешната контрола го решила случајот Флешери без да го спомне синот на заменикот Буши.

Миомир Серафиновиќ Telma Tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...