20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаАгатангел: Македонија ќе роди нова генерација, која со светиклиментова вера и сила...

Агатангел: Македонија ќе роди нова генерација, која со светиклиментова вера и сила ќе ја отстрани оваа наказа-држава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Да не бил Свети Климент, многумина денес би имале поинакви имиња, би имале туѓ
јазик и би користеле поинаква азбука. Ова особено важи за нас Македонците. Како
македонски народ на плодно тло сме насадени. Но, треба со љубов и посветеност
редовно да го залеваме Светиклиментовото семе, кое, озарено од добрите Божји
зраци, со стократен плод ќе ги наполни нашите духовни и народни амбари.“ – вели
владиката Агатангел во својата колумна со наслов „Свети Климент – предводник на
македонската симфонија“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Покрај другото, Агатангел пишува: Нашиот родоначалник Свети Климент бил еден
храбар и неустрашив маж, кој и тоа како ни е потребен во нашево бурно и вително
општество, кога храброста ни е заменета со слабост, а напорот ни е претворен во
сервилност. Еден учен и даровит човек, од една мала византиска провинција, каква
што тогаш била неговата родна Македонија, заедно со своите истомисленици
заминува во дипломатска и духовна мисија во едно мало и ослабено кралство, кое е
опкружено со силни и перфидни соседи, кои имаат намера длабоко да ги закопаат
сите твои идеи, да ги погазат сите твои обиди и да ги избришат сите твои очекувања
и верувања.
Притоа, не очекувај дека ќе трпиш само клевети, озборувања и понижувања, тоа од
нив може дури да се смета за благост и снисходливост, твоите непријатели се со
ниет целосно да те уништат и збришат од сечие сеќавање, од секоја црта на
човековата историја. Имаме ли ние достојни наследници на Свети Климента: Имаме
ли како македонски народ Светиклиментова вера, ум и решителност, во каква
наказа си ја претворивме државата? Свети Климент, заедно со преостанатите Свети
Седмочисленици, просветиле, описмениле и привеле кон Христа стотици милиони
луѓе. Барале ли тогаш од моравскиот кнез посебни услови, богати хонорари, обилни
ручеци или лицемерни признанија? Се разбира дека не. Единствената награда што
ја очекувале била Царството Божјо, бидејќи сè што правеле било Христа ради.
Ние денес имаме назадување во сите пори на општеството. Денес нашиот т.н.
интелектуалец, кој е потонат во удопството, е со спорна и накарадна образованост

<

Општествениот деец е морална урнатина, кој слично на темен облак надалеку ја
фрла својата црна сенка. За него сè има трговска вредност: и името на државата, и
јазикот, и македонската историја, па дури и човековиот живот. Ако денес би дошол
Свети Климент меѓу својот возљубен народ, малкумина би го препознале, малкумина
би имале духовна сила да станат негови верни следбеници. Таква е нашата
реалност.
Ќе мораме да се надеваме и да чекаме подобри времиња, ќе треба да настапи една
нова генерација, која ќе биде подготвена да плати висока цена, за да ги поправи
сите настраности, сите грешки и гревови, кои ние обилно им ги оставаме во
наследство. Но, оваа земја, оваа наша благочестива мајка, наречена Македонија, ќе
изроди достојни синови и ќерки, кои со делата на своите раце ќе создадат нови и
неразрушливи духовни вредности. Така мора да биде, бидејќи Бог ги штити своите и
никогаш не ги остава своите верни чеда на налетот на демонската ветрометина.
Секоја година на денот на Свети Климент ми доаѓаат во сеќавање прекрасните
зборови на архиепископот охридски и македонски Михаил, кој вдахновено ги
искажа при своето востоличување на тронот на охридските архиепископи: „Цела
ноќ го слушам тивкиот глас на Свети Климента како ми шепоти: Денес,
македонскиот народ, Македонската православна црква, македонската држава,
синовите и ќерките на Македонија празнуваат голем празник. Настојувај и ти да се
вклучиш во таа прекрасна македонска симфонија од камбани и човечки гласови, од
силни мисли и свети чувства и биди им водач и предводник во таа божествена
симфонија“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...