20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаАлбанија најкорумпирана земја во регионот, Македонија трета веднаш зад БиХ

Албанија најкорумпирана земја во регионот, Македонија трета веднаш зад БиХ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанија има најголем притисок и вмешаност во корупција во Западен Балкан за сите показатели, како што се барање мито, давање, прифатливост на корупција, па дури и заробување на државата од страна на бизнисите, стои во последниот извештај „Мониторинг на системот за корупција 2021″, објавен од Регионална мрежа за антикорупција СЕЛДИ.

<

Србија останува земја со најниско ниво на корупциски притисок во регионот, додека Косово има најниско ниво на реална вклученост во корупциски активности со 20 отсто од граѓаните кои платиле мито барем во неколку случаи во споредба со 23 отсто во Србија.

Според извештајот, директното вклучување во корупциски трансакции е поврзано со распространетоста на специфичните ставови кон корупцијата и коруптивното однесување и со перцепцијата дека корупцијата е широко распространета во општеството.

Друг показател, тој за прифатливоста на корупцијата, го одразува уверувањето на граѓаните дека некои коруптивни практики на јавните службеници се нормални и дека може да се толерираат.

– Во 2021 година, прифаќањето на корупцијата е највисоко во Албанија (40%), Босна и Херцеговина (38%) и Северна Македонија (37%), Косово (25%) и Црна Гора (27%). Сепак, постојаниот пад на прифатливоста во сите земји освен БиХ и Црна Гора од 2016 година, укажува на зголемена отпорност кон корупцијата меѓу граѓаните, се посочува во извештајот.

Дури и заробувањето на државата е доминантно на Западен Балкан, каде Албанија повторно го држи рекордот како земја каде приватните интереси значително влијаат врз процесите на одлучување на државата во нивна полза.

Показателот за притисок за заробување на државата од страна на бизнисите, кој се фокусира на притисокот од монополизација на национално, секторско или институционално ниво, во Албанија е 45 отсто, највисоко во регионот, заедно со Босна и Херцеговина.

Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI) претставува коалиција на граѓански организации за добро управување и борба против корупција, чија цел е да придонесе кон формирање на динамично граѓанско општество кое е способно да влијае на процесот на носење на одлуки специфично во областите на доброто управување и борбата против корупцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...