23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани: Северна Македонија не воведува визи за Косово

Османи: Северна Македонија не воведува визи за Косово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Република Северна Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.

<

-Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи.

Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.

-Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.

Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Северна Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...