17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСтигна и законот за двојазичност во Македонија- Казните се и до 10.000...

Стигна и законот за двојазичност во Македонија- Казните се и до 10.000 евра за производителите и трговците.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Производителите и трговците во Македонија се затекнати од новиот Закон за заштита на потрошувачи, кој деновиве беше донесен со европско знаменце.

<

Најмногу реакции предизвика членот 37, кој ги обврзува сите производители во Македонија своите продукти освен на македонски да ги пишуваат и на албански јазик. Тоа важи за декларациите, сертификатите, гарантните листови, упатствата за склопување и користење на производот, како и листата на овластени сервиси.

Дел од производителите, како што објави ТВ Канал 5, се жалат дека не биле информирани за новата обврска, а промената на амбалажата ќе им донесе дополнителни трошоци.

– Најпогодени ќе бидат малите производства кои што најверојатно мора да инвестираат во купување на дополнителна опрема за печатење на поголеми декларации и евентуално промена на самиот начин на пакување на производот, па затоа сметам дека тоа би било голем терет и трошок за малите производства. Самата информираност за стапување на сила на законот е мала, додека казните се големи, затоа апелирам за поголема информираност за да може да почнат производителите да постапуваат по него, вели за ТВ Канал 5, Марина Манева, сопственик на млекарница.

Од пазарен инспекторат велат дека казни се уште не се пишуваат, засега само ги информираат трговците за новите обврски. Објаснуваат дека производите кои се веќе на рафтовите нема да се враќааат назад за да им се залепат нови етикети.

– Тие треба да имаат период на усогласување затоа што овие затекнати производи не можат да се отворат и повторно да се печатат. Невозможно е тоа да се спроведува во моментов, особено кај прехранбените производи. Треба и производителите и увозниците да се усогласат. Ќе се консултираме со министерството за економија за да видиме кога ќе биде можно ова да биде усогласено. Ова е обемна работа што треба да се заврши кај сите, велат од ДПИ

Казните за непочитување на законот се движат од 500 до 10.000 евра, но и забрана за вршење на дејноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...