26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаСветХрватска -Сакала да го убие 20 години постариот сопруг, му ставила апаурини...

Хрватска -Сакала да го убие 20 години постариот сопруг, му ставила апаурини во кафето

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

43-годишна жена од хрватскиот град Метковиќ е уапсена и сместена во притвор откако му ставила лек во кафето на својот 20 години постар сопруг, со намера да го убие.

<

Според локалните медиуми, осомничената ставила десет таблети „апаурин“ од по десет милиграми во кафето на 64-годишниот сопруг. Апаурин е едно од бренд-имињата на бензодиазепинскиот лек кај нас најпознат како дијазепам.

Човекот, несвесен за опасноста, го испил кафето, по што набргу му се слошило и побарал лекарска помош. Според информациите, тој почувствувал слабост и побарал прва помош, по што итно бил пренесен во Општата болница во Дубровник, каде му бил испумпан желудникот. Тој потоа бил пуштен на домашно лекување.

Со кривичната истрага е утврдено дека 43-годишната жена сторила кривично дело убиство во обид.

Жената во понеделникот вечерта со кривична пријава била предадена на притворскиот надзорник, а денеска била спроведена кај истражен судија, по што судија ѝ одредил притвор.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....