8.8 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес во Охрид беше отворен дневен центар за деца со церебрална парализа.

Денес во Охрид беше отворен дневен центар за деца со церебрална парализа.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

📌Отворен дневен центар за деца со церебрална парализа

<

Денеска присуствував на свеченото отворање на Дневниот центар за деца со церебрална парализа кој започна да функционира во простории на поранешната касарна.

Општина Охрид дава силна поддршка на процесот на обезбедување на подобри услови за лицата со посебни потреби и нивна поголема инклузија во општествените текови.

Искрено се радувам што преку вистински дела покажуваме дека имаме слух, волја и желба да ги поместиме границите и да ги надминеме пречките. Горд сум што дел од моите заложби за обезбедување на подобри услови за сите категории на граѓани во нашата општина, преку овој денешен настан стануваат реалност.

Чест ми е, што денес го отвораме првиот Дневен центар за згрижување на деца со церебрална парализа во Општина Охрид. Со ова правиме еден значaен чекор во подобрување на перцепцијата, надминување на предрасудите за поголема инклузија на лицата со посебни потреби и обезбедување на услови кои ќе им го разубават животот и ќе им го олеснат секојдневието на нивните најблиски. Навистина ми е драго што конечно овие дечиња ќе добијат катче за социјализација и дружење и дека конечно ќе излезат надвор од изолацијата на своите домови.

Отворањето на оваа инклузивна игротека претставува прва фаза од старешката цел на Општина Охрид, а тоа е отворање на Центар за лица со попречености каде на едно место ќе се обединат сите дневни центри и нивната работа ќе се постави институционално.

Општина Охрид од првиот ден на мојот мандат даде силна поддршка на овој процес и тука особено сакам да го истакнам залагањето и посветеноста на Здружението на граѓани В.О.П.С. од Охрид кои несебично се вложија во реализацијата на овој проект. На нивно барање, Советот на Општина Охрид донесе одлука, со која им го додели овој простор и оттогаш практично започнаа активностите за неговото уредување.

Реформата која како Општина ја воведовме во областа на финансирањето на невладините организации и станавме дел од RELOAD програмата заедно со УНДП, овозможи нашите невладини организации да може да аплицираат со проекти и да добијат средства со кои би можеле да направат позначителни инвестиции во различни области.

Токму оваа инклузивна игротека е производ на нашиот заеднички пристап и желба за решавање на проблемите од овој вид. Тука се заблагодарувам на УНДП што во Општина Охрид и во Здружението на граѓани В.О.П.С. од Охрид видоа партенер за реализација на овој проект.

Со денешниот настан ја завршуваме првата фаза од реализацијата на нашата замисла. Стручните служби на Општина Охрид и Здружението на граѓани В.О.П.С. на повикот на Министерството за труд и социјална политика доставија апликација за воспоставување на Дневен центар за лица со попречености на територијата на Општина Охрид.

Замислено е на едно место да се оформи центар по сите стандарди, со потребните стручни лица во него, со што значително ќе се олесни животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства. Планираме во скоро време и Дневниот Центар ,,Зраци” да го префрлиме на оваа локација со што ќе им овозможиме посоодветни услови и на лицата кои се згрижени таму.

Многу е значајно да разбереме дека обезбедувањето простор во кој лицата со посебни потреби ќе имаат подобар живот, не е привилегија за нив, тоа е една неопходност преку која ќе можат полесно да ги совладаат сите предизвици, со кои се соочуваат на патот кон остварување на нивните права.

Убеден сум дека преку заедничка работа и посветеност ќе ги оствариме нашите замисли и дека Охрид ќе биде пример за инклузивна општина која помага и овозможува подобри услови за сите нејзини граѓани особено за ранливите категории. Посакувам успешна работа на центарот и многу заеднички проекти.
Пишува Пецаков на социјалните мрежи

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...