30.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПотресна исповед на сопруга на загинат бранител во 2001: Ние не бараме...

Потресна исповед на сопруга на загинат бранител во 2001: Ние не бараме преку леб погача, ама не сакаме голготи, сакаме почит

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Надица Мирчовска е бранител, како што ни објасни таа, учесник во три војни (Хрватска, Косово и конфликтот во 2001 година), сопруга на командант на воена полиција загинат во 2001 година, мајка на две ќерки.

<

Надица за Инфомакс раскажува потресна приказна, за тоа како некој цел живот дава се’, го дава дури и животот за татковината, за на крај таа да побара пари од нив затоа што некако се збогатиле…

Првичната причина зошто разговаравме со Надица е барањето за поврат на средства од ПИОМ, околу 200.000 денари од пензијата која ја земале нејзините ќерки откако починал нивниот татко. Надица ни раскажа дека таа никогаш не го добила решението од ПИОМ за поврат на средства, ниту некогаш била повикана на рочиште, за потоа да добие известување дека заради наплата на 450.000 денари од страна на извршител ѝ е блокирана банкарската сметка. Надица се обратила и до народниот правобранител кој не препорачува запирање на извршната постапка, туку промена на начинот на извршување.

Покрај личната голгота, Надица ни раскажа за сите проблеми на бранителите, за тоа како државата ги остава на милост и немилост, за сите власти кои наместо да ги решат проблемите на бранителите не преземале апсолутно ништо за да не им се растурат коалициите.

Ќерките на Надица скоро и да не го паметат нивниот татко кој починал кога имале по 5-6 години. Како што вели Надица, бранителите не биле ни сослушани од државата, а дополнително биле понижени со некои активности на властите, особено со величање на дезертерите кои подоцна станаа функционери во Македонија. Животот на нејзиниот сопруг бил проценет на 250.000 денари, колку што државата мислела дека ќе ја надомести болката за загубата, а како што вели Надица во обесштетеувањето имало низа неправилности и неправди бидејќи секој добивал различно…

Во Македонија дојдов да го дадам животот на мојот сопруг, а моето семејство не вреди ништо во општеството, ние не бараме преку леб погача, ама не сакаме голготи, сакаме почит, рече Надица.

На крај Надица јавно побара средба со претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, не само за решавање на нејзиниот проблем, туку за решавање на проблемите и статусот на сите бранители и семејства на бранители.

Надица апелира сите бранители да ја контактираат на нејзиниот телефонски број 076/363-609, за заедно да се борат за нивните права.

Во продолжение, проследете го потресното интервју на Надица, пробајте да не заплачете и да не се разочарате од државава, ако е тоа воопшто можно….

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На граничниот премин Табановце, скопјани се преставиле како дипломати со лажни документи !!

Лишени од слобода две лица на ГП „Табановце“ поради фалсификување исправа На 25.07.2025 во 14.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, од...

Мајчинска очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – која се удави во водите на Вардар кај Градско

Очајна потрага по 16-годишната Теодора Бабарчиќ – исчезна во водите на Вардар кај Градско Се бара 16-годишната Теодора Бабарчиќ која вчера исчезна во водите на...

Државјани на Албанија сакале да ги подмитат вработените на граничниот премин Ќафазан.

На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Кафасан" при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги приведоа албанските...

Напад со нож во хотел на охридското крајбрежје.

На 25.07.2025 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, го лишија од слобода А.Д. (43) од истото село. Тој...