16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Министерот не е виновен за грешките во учебниците, тој не ги...

Ковачевски: Министерот не е виновен за грешките во учебниците, тој не ги пишува

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски, на медиумско барање, ги искоментира грешките во новиот учебник за историја и општество за 5 одделение, при тоа барајќи од авторите да обрнат поголемо внимание.

<

Тој ги повика поголемо внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на учебниците, додека според владиниот претседател, министерот за образование и наука во овој случај не треба да сноси одговорност.

-Министер за образование и наука не ги пишува учебниците. Учебници пишуваат автори, рецензија прават рецензенти. Затоа, онаму каде што се појавиле грешки при пишувањето на книгите, при нивното рецензирање, тие ќе треба да бидат вратени и да бидат заменети со текстови кои што ќе бидат напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса, и како такви повторно дистрибуирани, рече Ковачевски.

Инаку, Министерството за образование и наука и Педагошката служба соопштија дека е почнат процесот за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на овој учебник за кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности не смееја да се дозволат

Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...