23.9 C
Ohrid
среда, јули 30, 2025
ПочетнаМакедонијаМладиот спортист од Македонија кој беше пронајден мртов во Бугарија починал од...

Младиот спортист од Македонија кој беше пронајден мртов во Бугарија починал од срцев удар !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Телото на Стојан Спасов (26) од Виница е пронајдено пред три дена во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија!
За оваа вест институциите молчеа, медиумите не информираа два дена, а сето тоа придонесе вчера на социјалните мрежи да се шират разни приказни околу причините за тоа како и зошто згасна млад живот.

<

ММС во текот на вчерашниот ден побара одговор од Минстерство за надворешни работи, но од таму одговор дадоа дури вчера приквечер.

-Веднаш штом добивме информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапивме во контакт со надлежните органи, од каде добивме првични информации за случајот. Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава, и истите се соодветно информирани за случајот. Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата, беше информацијата од МНР, која не беше доволна за да престанат шпекулациите за смртта на младото момче.

ММС стапи и во контакт со семејството Спасови од Виница, кои во сета болка која ја доживејаа, многу се разочарани од сите шпекулации кои се кажале вчера.

-Не сакаме никој да ја почуствува болката што ја чувствуваме ние, но сепак сметаме дека секој треба да има барем малку човечност и доблест во себе. Нечесно е на нечија туѓа несреќа да се добива внимание и медиумска популарност. Според документот што го добивме од Судска медицина, по направената аутопсија, утвредно е дека причината за смрт е срцев удар. Затоа се надеваме дека Ббог ќе им даде ум на сите луѓе што не се свесни што пишуваат. Не осудуваме никого и не бараме ничија помош, нашите блиски се со нас. Единствен начин да се помогне е да се каже вистината, а вистината е таа што ја кажавме. А тоа што го кажавме, ни го потврдија и од нашата амбасада. Нам ни останува сами да тагуваме до крајот на нашите животи. Сите што лично го познаваа, знаеја каков човек и спортист беше. А тие што не го познаваат можат да мислат и да зборуваат што сакаат, кажа за ММС семејството Спасовски и уште еднаш замолија да престанат шпекулациите, и да ги остават да тагуваат во мир.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка попладнево со седумчлен екипаж слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

-„Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје. Утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна“,...