15.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаЗабаваСлавниот турски готвач го прекрши златното правило на ФИФА на финалето на...

Славниот турски готвач го прекрши златното правило на ФИФА на финалето на Светското првенство!!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ФИФА се соочува со бура прашања за кои се бара одговор откако познатиот готвач Нусрет Гокче – попознат како Солт Бае – некако доби пристап до теренот на стадионот Лусаил по финалето на Светското првенство и беше виден како го допира златниот трофеј.

<

Гокче беше виден како го зграпчува капитенот на Аргентина Лионел Меси во обид да му го привлече вниманието.

Славниот готвач остана на теренот меѓу славните аргентински играчи и ги прекрши строгите правила на ФИФА за тоа кој може да го допре трофејот на Светското првенство – кој Меси и Ко го подигнаа по неверојатното финале кое заврши со пенали.

Владејачкото тело на фудбалот има многу строги правила околу трофејот, а на нивната веб страна постои и специфичен список на оние на кои им е дозволено навистина да го допрат.

Оригиналниот трофеј на Светското првенство на ФИФА може да го допре и држи само одбрана група на луѓе, која вклучува поранешни победници на Светското првенство на ФИФА и шефови на држави.

Иако е близок пријател со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Гокче – сопственик на ланец ресторани за бифтек – не исполнува ниту еден од горенаведените критериуми и атоа се смеа дека правилата се прекршени.

Турски готвач некако го нападна теренот на стадионот Лусаил откако Аргентина го освои Светското првенство во Катар и се турна меѓу фудбалерите и ги замоли да се сликаат, ги допре нивните медали и позираше со трофејот. Во еден момент почна да го фаќа Меси и да бара од него слика. Тој го влечеше за рака, а Меси го погледна, го измери и ладно се сврте и продолжи да се поздравува со останатите, целосно игнорирајќи го Нусрет.


Извор: Гламур.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...