18.9 C
Ohrid
среда, април 23, 2025
ПочетнаМакедонијаУЈП ја блокира општина Охрид бидејќи бившата директорка на „Билјанини извори“ 4...

УЈП ја блокира општина Охрид бидејќи бившата директорка на „Билјанини извори“ 4 години не платила ниту денар за данок

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Управата за јавни приходи ја блокира сметката на општина Охрид, бидејќи бившата директорка на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, 4 години не платила ниту денар за данок. Ова на денешната седница на Советот на општина Охрид, го обелодени претседателот на Советот, Сашо Донев.

<

Имено на забелешките од советничката од СДСМ, Живка Ангелоска, дека предлог програмите се разликуват од нацрт програмите, односно средствата се намалени, претседателот на Советот на општина Охрид, Сашо Донев, рече дека тоа е така поради тоа што деновиве УЈП ја блокирала сметката на општина Охрид, поради тоа што претходната директорка на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, во периодот од 2017 до 2021 година не исплатила ниту денар за данок кон државата и поради тоа УЈП решава, наместо „Билјанини извори“, да ја блокира општина Охрид која е основач на претпријатието.

„Знаете дека буџетот се креира за претходните три години во однос на реализацијата и по таа основа Буџетот на општина Охрид за 2023 година од Министерството за финансии ни го намалија за 32 милиони денари, со кои што можевме да направиме неколку капитални инвестиции. Исто така на УЈП после 4 години и текна дека Јавното претпријатие „Билјанини извори“ должи 600.000 евра за неплатен данок. Токму тие пари кои што ви фалат во нацртите, односно околу 11-12 милиони денари се за ратите кои што ќе треба општината да ги плаќа поради тоа што не бил платен данок 20 милиони денари во ЈП „Билјанини извори“. УЈП после 4 години се сетила дека „Билјанини извори“ должи 20 милиони денари, кои со се каматите се околу 600 илјади евра, се сетиле дека треба да го блокираат основачот, а не претпријатието, и ние сме соочени со фактот дека во наредните три години ќе треба да исплатиме 600 илјади евра како општина за долгот што го направиле тие што го воделе јавното претпријатие. Ниту денар платен за данок во изминатите 4 години. Директорката имала пари да купува ново службено возило, ама немала пари да го плаќа данокот. Целта е да се блокира општина Охрид и сите оние средства кои што можеме да ги инвестираме во капитални инвестиции, и дополнително да се блокира сметката, која веќе е блокирана од УЈП. Ние сме приморани како основач на јавното претпријатие да потпишеме договор за исплаќање на рати и тоа ќе ја чини општината околу 200.000 евра годишно. Значи 600 илјади евра ќе треба ние со пари на граѓаните од општина Охрид, со блокирана сметка, дополнително товар од УЈП, да плаќаме рати за неплатениот данок. Не ми е јасно како 3-4 години на никој од УЈП не му текнало да ја блокира сметката на општина Охрид, туку чекале да се направи 600 илјади евра главен долг со камата и да ја блокираат после промена на власта“, изјави Донев и изрази надеж дека институциите конечно ќе проработат и ќе се побара одговорност.

Извор:Охрид24

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице. „Двајцата...

200 литри магарешко млеко за повредените во пожарот во Кочани.

  Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник е еден од повеќето примери кои покажа дека хуманоста се покажува на дела. Тој донираше 200 литри...

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ , Г.С.,...

ЈПКД „Дебрца“- Поради градежни активности, селата Требеништа и Волино во черврток ќе бидат без вода од 08:00 до 14:00 часот.

**СООПШТЕНИЕ** ЈПКД „Дебрца“ ги известува жителите на селата Требеништа и Волино дека на ден 24.04.2025 (четврток), поради градежни активности за дислокација на водоводниот крак ЈПКД-Дебрца...