11.7 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаМакедонија17-годишната девојка од Тетово призна дека го убила 16 годишно момче, па...

17-годишната девојка од Тетово призна дека го убила 16 годишно момче, па потоа го фрлила во реката Пена !!!

Се сомнева дека 16-годишното момче кое вчера беше пронајдено во водите на реката Пена го убила неговата девојка (17-години), од село Рогле, општина Желино. Таа е приведена и во Полициската станица во Тетово признала дека го извршила делото. И Обвинителството, и полицијата потврдија дека осомничената го признала кривичното дело и изнесоа детали како дошло до трагичниот настан.

„Во текот на вчерашниот ден во Полициска станица беа повикани двајца малолетници, од кои едната е 17-годишна девојка која призна дека е сторител на кривичното дело, а по целосно документирање на случајот, судијата на претходна постапка во Основниот суд-Тетово одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена. Девојката е испратена во затворот во Скопје каде ќе ја издржува мерката притвор“, вели Фатмир Реџепи.
Портпаролот на тетовската полиција додава дека за истиот случај на информативниот разговор било повикано уште едно малолетно лице.

„Во врска со овој случај повикано е уште едно лице и по извршениот информативен разговор е пуштен на слобода. Целиот информативен разговор е извршен во присуство на претставник од Центар за социјални работи и медицинско лице“, додава Фатмир Реџепи.

Од Обвинителството велат дека 17-годишната девојка со тврд предмет го удрила момчето, нанесувајќи му смртоносни повреди, по што го фрлила во реката Пена.

„Осомничената, 17-годишна девојка со предумисла му го одзела животот на 16-годишното момче. По вербалната пресметка во автомобил кај местото наречено „Бањиче“, таа со тврд предмет го удрила, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Потоа го фрлила во реката Пена, а безживотното тело е пронајдено во водите на реката. Јавниот обвинител до Судот го достави барањето за определување мерка притвор“, велат од Обвинителство.
Обдукцијата е веќе завршена, а членовите на семејството во попладневните часови го испратија момчето во вечното почивалиште. Мотивите за стореното дело сѐ уште се непознати.

ТВ21 го контактираше и адвокатот на осомничената, Ибрахим Бајрами, кој во телефонски разговор ни рече дека поради доверливост и чувствителната фаза од истрагата, не може да даде конкретни информации бидејќи во моментов во тек се истражни дејствија од страна на надлежните органи во насока на расветлување на случајот.

Инаку, 16-годишниот Б.Х. излегол од дома на 21 декември околу 16 часот, а во 23:45 минути беше пронајден неговиот автомобил во близина на тетовските бањи. Неговото тело, пак, беше пронајдено 100-тина метри подолу во водите на реката Пена.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...