7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаАрмијата се вклучува во потрагата по Киро Пупоноски - доколку го забележите,...

Армијата се вклучува во потрагата по Киро Пупоноски – доколку го забележите, пријавете на 112!

spot_img

По барање на градоначалникот на Општина Крушево до Центарот за управување со кризи денеска во потрага во Крушевско по исчезнатото лице Киро Пупоноски, се вклучуваат и сили на Армијата на Република Северна Македонија, со 100-тина армиски припадници и едно куче трагач, а и соодветни материјално-технички средства.

Министерот за одбрана и Началникот на Генералштабот одговорија позитивно на барањето.

Инаку, потрагата трае во континуитет од самото пријавување во МВР, од 14:45 часот во Полициската станица (ПС) Крушево во четвртокот (22.12.2022 година).

Во петокот (23.2.2022 година) во потрагата учествувале 14 полициски службеници од ОВР Крушево, 3 лица од единиците за брзи интервенции од ДЗС, една екипа со куче трагач и еден хеликоптер од МВР, ловно друштво „Елен“ со 15 ловџии, екипа од Шумска полиција и околу 50-тина граѓани доброволци. Се пребарувале сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Потрагата во вечерните часови продолжила во градот, населените места (колиби, напуштени куќи, штали) и слични места. Полицискиот хеликоптерот што трагал бил повлечен во 16:00 часот.

Вчера (сабота, 24.12.2022 година), од 07:00 часот па до доцните вечерни часови, при потрагата биле опфатени реоните со дел од шумските појаси кон с. Бирино и манастирот Свети Спас и други места за коишто се претпоставувало дека е можно да е исчезнатиот. Учествувале 30 полициски службеници од ОВР Крушево, 4 лица од единиците за брзи интервенции од ДЗС, една екипа од МВР со куче трагач и хеликоптерот од МВР, РЦУК Крушево со тројца вработени, а истовремено биле ангажирани уште едно куче трагач од страна на семејството, ловното друштво ЕЛЕН со околу 60 ловџии кои трагаат на терен на различни локации, двочлена екипа од Шумска полиција со едно возило и околу 50-тина граѓани доброволци. Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.

Како што информираа од семејството на исчезнатото лице, во инфо-апелот пренесен од медиумите во пошироката јавност, лицето боледувало од деменција, носело очила, а на денот на исчезнувањето било облечено во црна блуза и црни тренерки со бели линии. Конкретно, медиумските работници од Сител објавија фотографија и име од исчезнатото лице како помош во потрагата. Ако некој го видел лицето во некое населено место каде што би можело и случајно да стигне, во околните места и во околните градови, може да пријави едноставно на 112, бројот за итни случаи во ЦУК, па потоа во соработка со институциите во тие места да се конкретизира потрага според тие хумани дојави.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...