15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСо ниту еден вработен 10 македонски фирми свртеле 270 милиони евра

Со ниту еден вработен 10 македонски фирми свртеле 270 милиони евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Македонија, во 2021 година имало 5.985 фирми со нула вработени, или без податок на вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пишува порталот „Пари“ во својата аналиѕа. Како што е објавено од ДЗС информираат дека ова се 8,2 проценти од активните деловни субјекти (72.922). Податоците покажуват и дека има тренд на намалување на вакви фирми, па во 2020 година ги имало 6.036, во 2019 година 7.565, во 2018 година 8.221…

<

Да се има фирма со нула вработени не е непозната работа во светот. На пример, веб-страницата Businessnes.com, која има за цел да им помогне на луѓето ширум светот да отворат свој бизнис, наведува 30 бизнис-идеи каде без вработени може да се заработи. Меѓу нив се: фотограф, сервис за автоматско перење на возила, социјални медиуми, изнајмување на недвижности, истражувачка агенција…

Познавачите објаснуваат дека кај нас фирми без вработени има од три причини. Има мали фирмички каде се јавува само управител кој и не е вработен, затоа што станува збор за мал бизнис, кој така му е најисплатлив. Има големи групации, па дури и меѓународни корпорации, кои во својата фирма-ќерка немаат потреба од вработени, односно доволен е управител, и има фирми кои практично и не функционираат, но сѐ уште не се избришани од Централниот регистар, и затоа се водат како фирми со нула вработени, или без податоци за вработените. Но, во бројките на Државниот завод за статистика не се внесени тие фирми, односно направена е анализа на бројот на вработените само кај активните деловни субјекти. Но, секако, никаде во светот не е исклучено да постојат фирми со нула вработени затоа што тие фирми служат за поинакви цели, а не за деловно работење.

Во Македонија, во 2021 година, на долгата листа на компании со нула вработени имало приходи сѐ до над 100 милиони евра.

Превземено од Pari.com.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...