30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаЛифт го убил 23-годишното момче најдено мртво во фирма во Скопје

Лифт го убил 23-годишното момче најдено мртво во фирма во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дваесет и тригодишното момче кое беше најдено мртво во фирма на булеварот „Србија” во Скопје починало како последица од пад на лифт за транспорт на роба. Според информации на МКД.мк за сега случајот се води како несреќа. Од Обвинителството во врска со настанот ни одговорија дека издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за, како што велат од таму, несреќата. На местото на настанот бил повикан и Државниот инспекторат за труд кој треба да ја провери исправноста на лифтот.

<

„Надлежен јавен обвинител веднаш по настанот издаде повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. Освен издадената наредба за обдукција на починатиот, повикан е Државниот инспекторат за труд да изврши детална контрола на работењето на фирмата, како и техничка инспекција да ја провери исправноста на лифтот. Доколку при проверките од соодветните институции биде утврдена кривична одговорност, тие своите извештаи ќе ги достават на надлежно постапување на јавното обвинителство”, стои во одговорот од Обвинителството до МКД.мк.

Од таму велат дека до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена кривична пријава за настанот, а првичните сознанија од извршениот увид на лице место упатуваат дека се работи за несреќен случај предизвикан од несоодветна употреба на лифт кој не е наменет за пренос на луѓе.

Информациите кои на 21 декември, лани беа објавени според официјални податоци на МВР беа дека дваесет и тригодишното момче од Скопје е пронајдено мртво во фирма на булеварот „Србија”.

Итната медицинска помош во 12:30 добила повик дека момчето било починато. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство и за настанот бил известен јавен обвинител.

Обвинителството, според доказите кои се чекаат од издадените наредби за вештачења треба да утврди дали овој случај ќе биде затворен како несреќа или ќе има кривична одговорност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...