15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонија19 годишен Тетовчанец со нож го избодел другарот бидејќи не сакал да...

19 годишен Тетовчанец со нож го избодел другарот бидејќи не сакал да му даде уште пари за во казино

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

<

Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. Потоа отишле во казино во селото Жеровјане, каде исто така побарал и потршил 50 евра од оштетениот. Кога се вратил нервозен во возилото, осомничениот побарал уште пари од оштетениот, но тој одбил да му даде.

Во тој момент, осомничениот извадил нож од џебот и му се заканил. Оштетениот повторно одбил да му даде пари и му рекол да се симне од неговото возило, по што осомничениот му задал неколку убоди со нож во стомакот и градниот кош. Оштетениот веднаш излегол од автомобилот и почнал да бега, а осомничениот трчал по него со ножот во раката. Го стигнал и му задал уште неколку удари во грбот и главата, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот.

Оштетениот паднал на земја и му ги дал сите пари кои ги имал со себе – околу 300 евра, по што осомничениот се дал во бегство, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка куќен притвор и мерка – одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница за осомниченото лице.​​

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...