17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАко полицијата била вмешана со шверц на дрога, некој ќе одговара дебело,...

Ако полицијата била вмешана со шверц на дрога, некој ќе одговара дебело, вели министерот Спасовски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите докази за евентуална вмешаноста на државни и полициски функционери во шверц на дрога и саботирање на меѓународни полициски акции треба да се достават во МВР и одговорност ќе има, порача министерот Оливер Спасовски по последниот прилог на албанската телевизја „Ора“ во кој е наведено дека Трајче Заев, могул во бизнисот со канабис во Македонија со кодирани пораки се обидувал да спречи објавување на аудио разговори со имиња на овие функционери.

<

Според информациите на „Телма“ станува збор за пресметка меѓу албански бизнисмен и заменик министерот Назим Буши чија допирна точка е фабирката за производството на медицински канабис „Фајв Летерс“ каде тој бил неофицијален партнер со Буши Јуниор. Пресметката е поради внукот на албанскиот бизнисмен кој е уапсен во декември 2020 година и осуден токму поради кражбата на 60 килограми канабис од фабриката „Фајв Летерс“ во која беа најдени уште неколку стотини килограми непријавен канабис кој требаше да заврши на црниот пазар. Во „Фајв Летерс“ се случи уште една кражба, исчезнаа околу 70 литри масло од хашиш вредно неколку милиони евра.

Во последните две години МВР на црниот пазар и улиците се почество запленува канабис кој потекнува од фабриките за производство на медицински канабис. Надзорот и контролата над овие компании за кои е задолжен Малмед и министрерството за здравство мора да биде засилен и зачестен а на компаиите фатени во криминал мора веднаш да им се одземат лиценците

Од МВР нема потврда дека акција во која учествувала странска безбедносна служба била саботирана.

Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...