16.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаСе огласи натепаниот полицаец: Градоначалникот на Крива Паланка беше пијан, и ми...

Се огласи натепаниот полицаец: Градоначалникот на Крива Паланка беше пијан, и ми удри две шлаканици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицаецот Кристофер Стоевски се огласи на социјалните мрежи со тврдење дека добил две шлаканици од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Инцидентот наводно се случил на полноќ на 14.01.2023 година, а како што вели Стоевски, бил нападнат затоа што принудно го попречувал патот со автомобил, а Митовски бил под дејство на алкохол. Треба да се напомене дека за овој инцидент со нападнат припадник на МВР реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

<

„На ден 13.01.2023 година, односно после полноќ околу 01:50 минути (по датум веќе 14.01.2023) по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, јас, Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, го напуштив локалот со својата девојка. На прославата присуствуваа многу луѓе, па така и паркингот беше полн. По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу 2 возила, едно во сопственост на вработен во Селект Кафе . Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој само неколку минути, па така видно изреволтиран и во видно алкохолизирана состојба, таткото на Крива Паланка С.М. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка.

За среќа, немаше никој повреден при судирот, но за жал пак, градоначалникот не ги знае законските прописи, своите обврски и должности, а најмалку и да ги почитува истите. Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите – таткото на градот!” – стои во објавата на полицаецот

Синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека има пријавен случај од припадник на МВР за таков инцидент

– Има таков настан кој што е пријавен,. колегите работат на расчистување и до утре ќе ги имаме сите детали и ќе соопштиме пред јавноста, рече Спасовски.

Тој додаде дека градоначалникот од редовите на СДСМ треба под своја лична совест да донесе сам одлука дали ќе поднесе оставка.

– Јас сакам да ги видиме аспектите и да не прејудицираме,. Секако дека носење на одговорност за нешто што го правите во некој момент, треба да сте свесни и за одговорноста. Но да не прејудицираме пред да изградиме став, додаде Спасовски.

Градоначалникот Митовски претходно за медиуми рече дека „недоразбирања решава со збор, а не со насилство“.

Фактор.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...