16.8 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков: Компанија од ЕУ ќе инвестира во Охрид во производство на...

Градоначалникот Пецаков: Компанија од ЕУ ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија

Делегација од Европска унија, составена од 21 амбасадор на држави членки на ЕУ, а предводена од шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, беше во посета на Охрид со цел запознавање со тековните и идни проекти кои би можеле да бидат поддржани од нивна страна.

Меѓу другото, градоначалникот Кирил Пецаков пред високите гости обелодени дека компанија од Европската Унија ќе инвестира во Охрид.

Во делот на заштитата на Охридското Езеро со гордост можам да кажам дека како градоначалник и како Локална самоуправа ги поминавме сите преговори со компанија која потекнува од земја членка на ЕУ, а ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија, електрични мотори и мотори на сончева енергија наменети за пловните објекти. Со реализација на инвестицијата ја започнуваме и наредната фаза, а тоа е постепена промена на моторите од веќе постоечките пловни објекти во Охридското Езеро со овие нови и незагадувачки мотори, рече градоначалникот на Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

49 годишен Скопјанец нападнат од својот малолетен внук.

Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна...

Полуматуранти славеле крај на основно образование па го запалиле училиштето во Подгорица.

Полуматурантите од основното училиште „Владо Милиќ“ од Подгорица го запалија покривот на таа образовна установа за време на прославата со факели по повод завршувањето...

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно...

По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила

Почитувани, По повод 20 ти Мај , Денот на Пожарникарите , ТППЕ-Охрид ќе дефилира низ Охридските улици со три возила ,со звучна и светлосна сигнализација...