13.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани: Мајката на Пендиков е навредена заради квалификациите дека нејзиниот син е...

Османи: Мајката на Пендиков е навредена заради квалификациите дека нејзиниот син е дилер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас разговарав со мајката на оштетениот, која што беше многу навредена заради тоа што медиуми и јавноста го квалификуваа синот со квалификации од типот на наркоман и дилер. Сепак се работи за државјанин на Северна Македонија кој што може да има поинакво размислување од нас, но тоа не значи дека имаме право да даваме јавни квалификации, навредување, да спориме некое размислување по однос на тоа како се чувствува или да пристапиме кон насилство, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.

<

Османи истакна дека како министер има улога да не дозволи случаи кои што се во надлежност на други институции, да добијат карактер на влошени меѓудржавни односи со Бугарија.

-Емоциите се асиметрични кај секој од нас и се субјективни. Јас сум министер одговорен за иднината на државата и граѓаните, а тоа не се решава со емоции, туку со рационална и паметна политика која гледа долгорочно напред, кажа Османи во емисијата „Студио 10“.

Министерот откри за што разговарал со Пендиков во болницата во Софија.

-Ми кажа дека се чувствува исплашен како ќе се врати во Скопје бидејќи постојано добивал закани по социјалните мрежи. Тој е наш државјанин. Државата мора да создаде атмосфера на нула толеранција за говор на омраза бидејќи тоа ќе нема крај, рече Османи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...