7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаПо седум месеци започна судењето за родилката од Дебар, која при царски...

По седум месеци започна судењето за родилката од Дебар, која при царски рез остана без три органи

spot_img

Со потресно сведоштво на родликата од Дебар, која при царски рез изгуби три органи, денес во струшкиот суд започна судскиот процес против тројцата лекари. Медицинската сестра Јилдаз Веапоска низ солзи раскажуваше за целата голгота која ја минала во болницата во Струга, 14 дневната кома, неподносливите болки и повеќето оперативни зафати. Вели била на работ на смртта и молела за помош, а денес живее со трауми, без бубрег, матка и јајник- пишува Охрид Нет

„Многу ми е лошо така да останеш без органи е многу тешко, е многу тешкода се расправаш по овие судски врати со лекарите кои не ја признаваат вината“, изјави Јилдиз Веапоска оштетената родилка од Дебар.

Тројцата лекари од струшката болница кои што се товарат за тешки дела против здравјето на луѓето не сакаа да зборуваат пред медиумите.

На судското рочиште докторите Мухамед Асани,неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска кажаа дека не чувствуваат никаква вина. Поранешниот директор ги обвини медиумите за некоректно известување.

–„Никаква изјава за вас не давам , бидејќи не сте биле коректни. Во се не сте биле коректни“, дофрли зад камерите Мухамед Асани првообвинетиот лекар.

Според обвинението лекарите при царскиот рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија на Веапоска , но не презеле мерки, само и давале терапија при што таа паднала во шокова состојба и повторно ја оперирале.Тогаш и ја отстраниле матката и левиот јајник кои не биле повредени. Крварењето не застанало, а со втор зафат откриле дека е оштетена артерија и настанало тешко нарушување на здравјето и бил отстранет и левиот бубрег. На крајот во критична состојба била пренесена на Карил во Скопје. Следното судско рочиште е закажано за 10 март.

Новинар Соња Рилковска- Извор Охрид Нет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...