26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски на прашањето дали Џамбаски ќе биде вратен од граница: Тоа ќе...

Спасовски на прашањето дали Џамбаски ќе биде вратен од граница: Тоа ќе го одлучиме на 4-ти февруари!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во одговор на новинарско прашање дали бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ќе биде вратен назад, ако се појави на границата за да присуствува на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, министерот Оливер Спасовски одговори дека за тоа ќе одлучува тогаш.

<

– Ќе одлучиме на 4 февруари, нагласи Спасовски

На прашањето зошто не се прифатени предлозите за прогласување на непожелни личности, Спасовски беше дециден дека врвен приоритет ќе биде да се сочува, мирот, стабилноста и јавниот ред заради тоа што тоа не е добро и за политичките односи внатре во државата и помеѓу соседите.

Знаеме дека имаме радикални структури кои заради некакви лични, политички и секакви други интереси, сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите од една страна. Од друга страна заради тоа што никако не смееме да дозволиме да се наруши и безбедноста на нашите граѓани, изјави министерот за внатрешни работи.

Спасовски меѓу другото информира дека МВР работи заедно со Агенцијата за национална безбедност и со безбедносните служби во размена на податоци и на информации и врз основа на тие податоци и информации, ќе носи одлуки во секој поглед. Според него, сите тие податоци и информации, што беа дадени се дел од анализите што се прават, а за секоја одлука треба да има и време и момент кога ќе биде донесена.

– Прво и основно заштита на мирот и безбедноста и најважно заштита на нашиот национален интерес, идентитет, нашето право на самоопределување и на достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани, изјави Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...