4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаПотврдена ослободителната пресуда за велешанката Пале Иловска

Потврдена ослободителната пресуда за велешанката Пале Иловска

Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел.

Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда. Младата велешанка со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел. Гајдова го оправда ослободувањето на Иловска со тоа што таа се бранела од насилниот партнер.

Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор.

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...