26.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски со поддршка за иницијативата за амнестија на уставобранителите

Груевски со поддршка за иницијативата за амнестија на уставобранителите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчерашната иницијатива на адвокатите на луѓето кои низ политички монтиран процес ги осудија на долгогодишни затворски казни за случајот “27. април” е добра, но не целосна и не со соодветно образложение.

<

Прво, сите осудени во овој процес треба да бидат ослободени веднаш и без одлагање, без селективност и без очекување дека во случај на повторено судење ова заробено и во еден дел криминално судство, со чест на исклучоците, кое не случајно е со 4% доверба на јавноста, ќе постапи поинаку од претходно или поинаку од насоките кои ќе ги добие од оние кои владеат со нив.

Еден дел воопшто не требаше да бидат судени и осудени бидејки не сторија кривично дело.
Дури и оние кои имаа несоодветно однесување и насилство, јасно е дека најголемиот дел од нив согласно законот требаше да добијат условни казни како што започна да постапува ОЈО пред смената на власта и еден помал дел евентуално можеа да добијат не поголема казна од половина од времето кое веќе го поминаа во затвор.

Второ, вистинското образложение кое веројатно адвокатите не го напишале за да ја одоброволат власта да го подржи Законот за амнестијата треба да биде дека луѓето кои се неправедно и свесно со погрешни обвинителски квалификации неправедно осудени, се дел од политички монтиран процес, после очигледно посакуван инцидент од оние кои со однесувањето во парламентот го предизвикаа истиот, со цел да се скрши демократскиот отпор на народот кон она што беше јасно дека следува и што потоа на политички план се случи во Македонија.

Да не заборавиме дека инцидентот се случи одкако претходно новото мнозинство на актуелната власт на незаконски и неуставен начин избра претседател на собранието.

Целта очигледно беше потоа да има судење со лажни и уценети сведоци од страна на обвинителството и власта кои во еден дел беа осудени на база на претпоставки и лажни квалификации на обвинението, па наместо докази во услови на против уставно, противзаконско и спротивно на Деловникот на парламентот делување на тогашната опозиција во Парламентот, намерно темпирани токму во време и саат кога пред собранието веќе 60 дена имаше мирни протести, а со цел со цел да се исценира инцидент и потоа да се доделат драконските казни кои произлегоа од невистинита квалификација за наводно нивно терористичко загрозување на уставниот поредок.

Преку тоа, целта беше да се заплашат сите граѓани на Македонија и политичките елити и да се одвратат од можни јавни реакции и протести во пресрет на престојното менување на уставот во 2018/2019 заради менување на уставното име и бришење на АСНОМ од уставот, како и менување на името на македонската нација, јазик, идентитет и менување на историјата веднаш по инсталирањето на марионетската влада на СДСМ, која само за да добие власт која се покажа дека ја посакувале заради криминални мотиви, беше подготвена на секакви предавства на националните интереси и неправди на Македонците на кои подоцна бевме сведоци.

Времето покажа дека сомнежите и причините на народот во тогашните мирни протести на граѓаните биле повеќе од оправдани и се што во тој момент денес веќе владејачката СДСМ негираше, веќе го спроведе, побрутално и понеповолно за Македонија дури и од најцрните тогашни сценарија, а наскоро истото ќе го повтори.

Се покажаа и дека судијката Добрила Кацарски која ги осуди нив а го ослободи Заев од обвинение за барање мито, како што политички а не како чесен судија пресуди во уште неколку други случаи кои произлегоа од политичкиот прогон, како што јавно го кажав тоа уште во 2018 година дека ќе се случи, го правела тоа од лична корист за крупно унапредување како награда за нанесените неправди на голем број луѓе.

Фејсбук статус на Груески

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да...