20.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаНајдолгата потрага по исчезнато лице во Македонија трае цели 40 години

Најдолгата потрага по исчезнато лице во Македонија трае цели 40 години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Петар, Рада, Никола, Виолета, Соња, Снежана…Навидум, само обични имиња, но за нивните семејства се деца, мајки и татковци што исчезнале и никогаш повеќе не се вратиле. Ги има на возраст од пет до 90 години.

<

Секојдневно на бандери, на автобуските постојки и на социјалните мрежи можат да се забележат фотографии од исчезнати лица, кои заминале од дома и никогаш повеќе не се појавиле на домашниот праг- Пишува Ирена Мулачка за ФОКУС

Вообичаено, под секоја фотографија пишува име и презиме на исчезнатото лице, во што биле облечени кога излегле од дома, во кој правец тргнале, како и телефонски број за контакт од член од најблиско семејство.

Според досегашната пракса, дел од нив се пронаоѓаат по неколку дена, некои се најдени живи, а некои мртви. Но, дел од исчезнатите никогаш не се пронајдени.

Со текот на годините, повеќето паднаа во заборав од јавноста, но и од институциите. Каде се, дали се во земјава, дали се живи и што се случило со нив, останува целосна енигма за нивните семејства, кои го продолжуваат својот живот во агонија.

На официјалната страница на Министерството за внатрешни работи, на листата за исчезнати лица може да се најдат имињата на 68 луѓе на различни возрасти.

Меѓу нив се и четири малолетни деца, од кои најмалото има само една година. Најдолгата потрага по исчезнато лице трае речиси 40 години, поточно од 1 ноември, 1983 година.

Нивните фотографии, некои црно-бели, на кои едвај може да им се распознае ликот, сѐ уште сведочат за страшната судбина што ги снашла. Штом и по толку години не се тргнати од листата, нивната судбина може да се насети.

Алармантни податоци „Фокус“ објави за исчезнати лица во малото гратче Кочани, кое брои околу 38.000 жители. Во изминативе години, таму исчезнале 6 лица, кои никогаш не биле пронајдени. Повеќето од нив се на возраст од 32 до 60 години. Излегле од дома, но никогаш не се вратиле.

Ниту еден од случаите не добил разрешница, па само фотографиите останале спомен дека овие луѓе некогаш постоеле. И покрај големата болка дека можеби нема да ги видат, нивните роднини ги мачи прашањето што се случило со нивните блиски, кои како да пропаднале во земја.
Извор Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Втор инцидент за два дена: Параглајдерист виси од жици во с.Беранци- Битола

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...

Владата ја зголемила платата на Стојанче Ангелов за 12.784 денари, сега изнесува над 105.000 денари!

*Објава на Фејсбук на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, ПЛАТИТЕ РАСТАТ, САМО НЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Ако зголемувањето на платите на работниците кое им...

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...