27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСредба на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република...

Средба на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Спасовски и Демерџиев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Средба на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Спасовски и Демерџиев

<

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Скопје, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев.
Двајцата министри ја потенцираа одличната соработка меѓу полициите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, што е еднакво важно како за министерства за внатрешни работи на двете земји, така и за двете држави, но и за регионот. Министрите Спасовски и Демерџиев ја потврдија посветеноста на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативната соработка, во насока на зајакната регионална соработка како еден од главните приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, криумчарењето мигранти и справувањето со илегалната миграција. Во насока на добрата соработка меѓу двете полиции беа посочени и заедничките вежби на специјалните единици на двете земји кои минатата година во Софија и во Охрид.

Особено е важно, потенцираа двајцата министри, одржувањето на редовни директни контакти, со цел да си помогнеме едни на други, а во насока на решавање на било какви безбедносни предизвици.

„Оваа средба ја реализираме на неколку дена пред чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари, во услови на зголемени тензии и различни најави за евентуално нарушување на јавниот ред и мир. Сакам да потенцирам, да упатам јасна порака дека македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и дека апсолутно нема да дозволиме никаков инцидент, односно ќе имаме чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече министерот Спасовски.

Министерот Демерџиев потенцира дека бугарското Министерство за внатрешни работи ќе ги преземе сите мерки за да се избегнат провокации на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. “Работиме превентивно за да нема проблеми. Ќе направиме се’ што е неопходно од бугарска страна за чествувањето да помине како што треба. Да не дозволиме поединци да палат оган таму каде што го нема. Исто така, очекувам целосно расчистување на нападот врз Пендиков и виновниците да бидат казнети. Само со адекватни казни ќе спречиме слични случаи во иднина”, рече министерот Демерџиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...