26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаОколу 150 граѓани од Бугарија во сабота ќе дојдат на одбележувањето на...

Околу 150 граѓани од Бугарија во сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Околу 150 граѓани од Република Бугарија в сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

<

Ова за „А1он“ го откри претседателот на здружението „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов кој нема да биде меѓу оние кои ќе го преминат граничниот премин Деве Баир кој има забрана за влез во Македонија од 1 август 2022 до 31 јули 2023 година. Но, потврди дека ќе ги придружува Бугарите до самиот граничен премин.

Јас исто така ќе бидам на граничниот премин Деве Баир иако немам право да влезам во Македонија. Од Бугарија ќе има околу 150 бугарски граѓани кои ќе присуствуваат на чествувањето. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев затоа што е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“.

Првиот човек на организацијата „Фондација Македонија“ кажа дека тие како организатор одлучиле дека нема потреба да доаѓаат илјадници.

– Нема потреба да сме илјадници граѓани и да доаѓаат луѓе од фудбалски навивачки групи. Ќе тргнат само обични граѓани кои го почитуваат македонскиот народ. За разлика од тие групи во Скопје кои повикуваат на блокирање на гробот на Гоце. Полицијата кажа дека ќе ги спречи да го сторат тоа – додаде Стојанов.

Во објавата на оваа организација стои дека сите оние сонародници кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 4 февруари в сабота да се соберат на отворениот паркинг на скопското Кале во 11.30 часот.

„Поаѓање од Софија со автомобил во 7:30 часот по бугарско време, групно движење до гробот на Гоце Делчев, положување цвеќе и венци – тивко, смирено, без провокации и одговарање на провокации, враќање во автомобил и возење назад. Ги молиме сите Бугари од Македонија и сите Бугари кои патуваат да се приклучат на оваа организација и да не попуштаат на провокации! Еден ден општата прослава на Гоце Делчев, меѓу Бугарите и Македонците, на гробот на Гоце Делчев ќе биде мирна и без полиција. За ова е детално известена полицијата во Скопје за да може да и се олесни обезбедувањето ред и безбедност. Ќе има многу полиција во околината, затоа бидете таму малку порано“, стои во објавата.

А, македонски граѓани на социјалните мрежи најавија дека ќе организираат блокади на патиштата со цел да ги спречат бугарските државјани в сабота да пристигнат во Скопје. Граѓаните од Куманово повикаа на блокада на патарината кон Скопје и упатија апел до сите сограѓани да дојдат со своите возила и земјоделска механизација во 9 часот в сабота да ја блокираат патарината кон Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...