29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаЗабаваОткако граѓаните се пожалија за превисоката цена на картите- Дарио им одговори:...

Откако граѓаните се пожалија за превисоката цена на картите- Дарио им одговори: Aко ви е скапо да си седите дома !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најавениот концерт на поп музичарот Дарио и Миг 21, кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 17-ти февруари ги израдува љубителите на неговата музика, но истовремено се појавија и реакции поради цената на влезниците.

<

Имено, влезници по цена од 1.200 денари и ВИП влезници за 1.500 денари, според коментарите на социјалните мрежи, за некого е премногу, ако се земе во предвид нашиот стандард, додека пак има и такви кои сметаат дека за естраден уметник како Дарио, цената е соодветна. Околу тоа што мисли Дарио за коментарите по повод цените за влезниците, во емисијата Бекстејџ, тој вели дека според некои луѓе, премногу е да платат за уметник кој 40 години се труди, работи и создава песни и хитови, но не им е скапо да платат карта за негови колеги од соседството, кои биле во турбо фолк фазон, и кои чинеле три, четири или пет пати повеќе, од цената на билетот за неговиот концерт.

Тоа е апсурд. Подобро да не давам коментари, секој си има свое мислење, јас го почитувам, на оној на кој му е скапо нека седи дома и нека ја слуша музиката. Оној кој ќе испочитува и ќе дојде, јас ќе му возвратам десет пати повеќе – порача музичарот.

Неговиот концерт е по повод 40 години на сцената, и е во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.

Вики Клинчарова ФОКУС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...