4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски: На сите најавени делегации ќе им биде овозможено да се...

Министерот Спасовски: На сите најавени делегации ќе им биде овозможено да се поклонат пред гробот на Делчев, повикувам на достоинствено чествување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот Спасовски за Канал 5: На сите најавени делегации ќе им биде овозможено да се поклонат пред гробот на Делчев, повикувам на достоинствено чествување
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во вестите на Канал 5 изјави дека на сите најавени делегации кои сакаат да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев тоа ќе им биде овозможено, а притоа повика на достоинствено чествување на 4 февруари, денот на раѓањето на великанот Гоце Делчев.
„Многу е важно да имаме чествување достојно на ликот и делото на Гоце Делчев. Во таа функција ги преземаме сите оперативни активности кои ќе придонесат да имаме мирно и достоинствено чествување, да се заштити јавната безбедност, јавниот ред и мир. Тоа е функција на МВР, апсолутно сметаме дека непотребно во изминатиот период се креваа тензиите поврзани со случајот во Охрид, кои не придонесуваат кон ништо добро, во подобрување на односите. Напротив, сметам дека подигањето на тензиите само дополнително ќе ни ги влошува односите. Во тој дел, пред сѐ ликот и делото на еден великан каков што е Гоце Делчев, треба да се чествува на еден достоинствен начин, впрочем, како што ни доликува на нас граѓаните на Македонија“, истакна министерот за внатрешни работи.
Во однос на тоа кој ќе може да има пристап до гробот на Гоце Делчев кај црквата „Св. Спас“, министерот Спасовски нагласи:
„Ние објавивме преку Одборот којшто ова го организира – сите кои најавија делегации кои сакаат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев ќе им се овозможи тоа да го сторат. Во овој дел јасен е ставот кој го имаме”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека со ниту една постапка не смее да се дозволи навредување на македонскиот народ и држава или на нарушување на чувствата на македонските граѓани.
„Затоа се воспоставени мерките на обезбедување. Затоа ќе имаме и воспоставено ред, тоа е многу важно да преку воспоставување на таков ред не се дозволи да има било каков инцидент кој ќе биде во функција на остварување на целите на радикалните структури кои делуваат. Напротив, сметам дека сите ние имаме дел од одговорноста, сето ова да помине во најдобар можен ред. Ниту еден кој ќе помисли на било кој начин, со транспаренти или знамиња на туѓи држави да го навреди македонската држава и македонскиот народ, тоа нема да можат да го сторат и за тоа ќе носат последици”, рече министерот Спасовски.
Прашан за тоа каква е соработката со бугарското МВР, со оглед на понудената помош да испратат свои полицајци, министерот Спасовски рече:
„Соработката со МВР на Бугарија е на едно високо ниво и досега, преку оперативната соработка – затоа што пред сѐ надлежностите кои ги имаме: борбата против организираниот и транснационален криминал и корупцијата, нѐ упатуваат на взаемна соработка, како и илегалната миграција и тероризмот и низа на други прашања кои се поврзани – имаме исклучително добра соработка со сите министерства за внатрешни работи на околните држави. Нашата цел е таа соработка да се продлабочи уште повеќе. Конкретно за настанот, македонската полиција е таа која ќе го чува јавниот ред и мир и нема потреба од било каква помош од било кого. Македонската полиција е со сериозен капацитет да одговори на сите предизвици и да не дозволи никакво нарушување на јавниот ред и мир”, рече министерот Спасовски.
Во однос на тоа дали ќе бидат дозволени т.е. „ноќни стражи“, според идејата на ‘патриотските институти’, министерот Спасовски беше дециден:
„Реков дека деескалацијата е многу значајна, бидејќи гледате дека кревањето на тензиите во македоското општество, кревањето на тензиите во односите со соседна Бугарија не носи ништо добро, како што нема да носи ни кревањето тензии со било која од соседните држави. Ние како политика сме насочени кон меѓусебно разбирање и почитување. Тоа треба да биде обострано. Да се почитуваме и разбираме со нашите соседи, и нормално е да очекуваме да нѐ разбираат и почитуваат и нас. Институциите се тие коишто апсолутно се задолжени и работат во полн капацитет за да обезбедат овој настан да протече мирно”, нагласи министерот Спасовски, при што упати порака до граѓаните за смиреност.
„Јас упатувам порака до граѓаните да бидат спокојни заради тоа што навистина нема никаква индикација за вознемиреност и уште еднаш упатувам апел до сите граѓани за достоинствено чествување. Посебно до сите тие ‘патриотски институти’ или здруженија да се откажат од идеите со коишто би го нарушиле јавниот ред и мир и безбедоста на државата. Никакви ‘ноќни стражи’, никакви стражарења… Нема потреба од тоа, заради тоа што македонската полиција е тука како гарант на мирот и безбедноста. Сплотеност и национално единство на македонскиот народ, на македонските граѓани е најмногу потребно во овие моменти и тоа е најдоброто оружје со кое ние ќе ги штитиме нашите национална самосвест, јазик, култура, традиција. Ако постои такво единство и ако постои единство кон остварување на стратешките цели, тогаш нема ниту еден човек, поединец или групација која може да ни наштети од надвор”, апелираше министерот Спасовски.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...