25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаСветРуски спасувачи ќе полетаат за Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во...

Руски спасувачи ќе полетаат за Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во кој досега е регистрирано дека загинаа околу 2.300 луѓе, а илјадници се повредени,

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Руски спасувачи ќе полетаат за Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во кој досега е регистрирано дека загинаа околу 2.300 луѓе, а илјадници се повредени, соопшти денеска Кремљ, пренесе HINA.

<

Претседателот Владимир Путин во текот на денот телефонски разговараше со сирискиот претседател Башар ал-Асад и турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и изрази сочувство за смртта и уништувањата од земјотресот, чија јачина на ударот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, и е најлошиот земјотрес што ја погодил Турција во овој век.

Притоа рускиот претседател понуди да испрати спасувачки тимови и во Турција и во Сирија.

Башар ал-Асад со благодарност ја прифаќа понудата и во следните неколку часа спасувачите од руското Министерство за вонредни ситуации ќе летаат за Сирија“, соопшти Кремљ, пренесе хрватската агенција.

„Турскиот претседател срдечно му се заблагодари на Владимир Путин за неговата брза и искрена реакција и рече дека дава инструкции до надлежните органи во земјата да ја прифатат помошта од руските спасувачи“, се додава во соопштението.

Русија соопшти дека во готовност за полетување во двете земји има спасувачки авиони Ильюшин-76.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските сили во Сирија да помогнат во спасувачките напори. Министерството за одбрана соопшти дека 300 руски војници и 60 возила веќе помагаат во расчистувањето на урнатините во погодените подрачја во близина на турската граница.

Русија има поморска база во Тартус, на сирискиот брег, и управува со воздухопловната база „Хамејм“, северно од Тартус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...