6.1 C
Ohrid
петок, февруари 23, 2024
ПочетнаМакедонијаТелевизија, свештеници и новинарки го пријавиле сопственикот на порталот „Доказ М“ –...

Телевизија, свештеници и новинарки го пријавиле сопственикот на порталот „Доказ М“ – се сомничи за четири дела, меѓу кои и РЕКЕТ

Скопското Обвинителство го гони Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, бидејќи против него имало неколку пријави. Меѓу пријавителите има две новинарки, телевизиска куќа, лице што се претставило дека било уценувано. Обвинител барал претрес во домот, кој бил дозволен од судот. Најдени се поголемо количество пари, соопштува Обвинителството- Јавува МакФах

Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка бидејќи постои основано сомнение дека преку веб-портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од КЗ, едно кривично дело уцена од чл. 259 ст. 1 в.в. чл. 19 од КЗ, едно кривично дело пиратерија на аудиовизуелно дело од чл. 157-б ст. 2 в.в. ст. 1 од КЗ и кривично дело злоупотреба на лични податоци од чл. 149 ст.1 од КЗ“, велат од Обвинителството.

Тие додаваат дека пријавите против Стаменковски се поднесени во 2022 и 2023 година.

„Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб-порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејства, со кои беа обезбедени доволно докази, кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела“, додаваат од таму.

Национална телевизија е една од пријавителите.

„Имено, по доставена кривична пријава од една телевизија од 11.2.2022 година, Основното јавно обвинителство Скопје нареди дејства и проверки врз основа на кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика обезбеди доказен материјал дека осомничениот сторил кривично дело пиратерија на аудиовизуелно дело од чл. 157-б ст. 2 в.в. ст. 1 од КЗ. Од почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер, на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, осомничениот на веб-порталот го ставил на располагање на јавноста заштитеното аудиовизуелно дело. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое во согласност со договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината“, посочи скопското Обвинителство.

Свештеници од Македонската православна црква се втори пријавители. Тие се жалеле оти Стаменковски упатил закани за нивниот живот.

„На 18.5.2022 година во Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава против осомничениот од двајца оштетени за кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г бидејќи преку веб-порталот биле објавувани серија текстови, со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон пријавителите – свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во објавените текстови осомничениот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив. Освен навредливи зборови, пцости и клевети, во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови, со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите осомничениот ги споделувал и на својот профил на една социјална мрежа, каде што поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања“, додава Обвинителството.

Новинарки исто така поднеле пријава против Стаменковски, кои, освен што добиле навредливи текстови на порталот „Доказ М“, според пријавата, една од нив добила и закани за животот.

„На 19.5.2022 година против истото лице до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесена кривична пријава и од две новинарки, кои пријавиле дека на веб-порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител, во кои ги поткрепија своите сомненија дека заднината на објавите на веб-порталот е да им се изврши притисок и цензура. Со осуда на таквите објави на веб-порталот во наведениот период излегоа и ОБСЕ и Здружението на новинарите. Дополнително, во телефонски разговор со сопругот на една од новинарките осомничениот упатил и директни закани кон неа и нејзиното семејство. Со обезбедените докази во текот на постапката беше потврдено основаното сомнение за кривичното дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл. 394-г ст. 1 од КЗ“, додава Обвинителството.

Стаменковски се гони и за уцена.

„Едно оштетено лице до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава според која во периодот од 10.1.2023 година до 2.2.2023 година осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест и се обидел да го присили оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Преку социјална мрежа осомничениот бил во контакт со оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб-порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него. Кога оштетениот одбил средба, на интернет-порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои осомничениот им наштетил на угледот и честа на оштетениот. Во однос на овој настан надлежен јавен обвинител исто така презеде дејства за документирање на пријавените наводи и за обезбедување електронски докази, со кои се потврдува основано сомневање за кривично дело уцена од чл. 259 ст. 1 в.в. чл. 19 од КЗ“, додава Обвинителството.

Осомничениот врбувал и истражителка во скопското Обвинителство за преку неа да дознава информации.

„Во наведениот период додека во Обвинителството се водеше постапката против осомничениот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер-комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејства во повеќе кривично-правни предмети вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност, искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, кои поднесоа кривична пријава за злоупотреба на лични податоци од чл. 149 ст. 1 од КЗ. Истражителката, која споделувала податоци со осомничениот, веќе не е ангажирана во истражниот центар на ОЈО Скопје и за неа ќе биде иницирана постапка пред Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи“, додаваат од Обвинителството.

Соопштија и детали за претресот.

„Освен за наведените кривични дела, наредбата за претрес беше обезбедена и затоа што постоеше сомнение дека кај осомничениот може да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. При претресот кај него беа откриени документација, електронски уреди, кои ќе бидат предмет на вештачење, како и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела“, велат од Основото обвинителство Скопје.​

Извор: МакФах

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Александар од Прилеп

Потрагата по лицето Александар Јошовески од Прилеп на кого му беше изгубена трагата вчера попладне за жал е пронајден починат вечерва. Ова преку социјалните мрежи...

„Несериозен е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите“, рече Маричиќ

Предлогот законските измени на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на патните исправи е правна несигурност за граѓаните, изјави вечерва вицепремиерот Бојан Маричиќ на новинарско...

Максим Димитриевски е претседателски кандидат на ЗНАМ за претстојните избори.

Максим Димитриевски е претседателски кандидат на ЗНАМ за претстојните избори. Партијата Движење ЗНАМ - За наша Македонија вечерва во Скопје ќе го одржи првиот...

ДНК со поддршка до Силјановска-Давкова: Време е да си добиеме мајка!

Популарното музичко дуо ДНК јавно и искажа поддршка на професорката Гордана Силјановска-Давкова, која се пријавила на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ...