24.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаСветДодека опозицијата бара оставка од Рама, тој си прави скулптура во ателје...

Додека опозицијата бара оставка од Рама, тој си прави скулптура во ателје и мува не го лази…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со неколку помали инциденти, пред сè со фрлање пиротехнички средства на влезот на владиниот објект, заврши денешниот, последователен антивладин протест, организиран од албанските Демократи предводени од Сали Бериша, кои добија поддршка и од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета.

<

На протестот, што се одржа на плоштадот „Народни херои“, пред албанската Ввлада, а на кој присуствува илјадници граѓани од сите делови на земјата, се обратија повеќе говорници, а говорите ги заокружи Бериша, кој предупреди дека „револуцијата продолжува и в понеделник пред албанскиот парламент“ најавувајќи нов протест.

Ние сме во света мисија против држава која се однесува полошо од која било османлиска, нацистичка, фашистичка, диктаторска, која Албанија ја знаела до денес. На Еди Рама му набавивме билет, нема враќање! Мисионери како нас, ништо не може да ги спречи! Ја имаме вистината, ги имаме идеалите, ја имаме нашата љубов кон оваа земја. Ја имаме нашата лојалност кон нашите пријатели. Ништо не може да не спречи на овој пат. Еди Рама го претвори Парламентот во срам на нашата национална историја, полош од парламентот на Путин и Лукашенко. Револуцијата нè повикува, в понеделник сите пред парламентот, рече меѓу другото Бериша.

Додека надвор се протестираше, Рама, кој по занимање е склуптор, на социјалните мрежи постираше видео-запис како во неговото уметничко ателје изработува склуптура.

Инаку, за безбедноста на протестот беа ангажирани над 1.500 припадници на министертвото за внатрешни работи. Полициски кордон имаше и пред владата и пред други државни институции. Вратата на Владата беше блиндирана, за да се избегне влез на демонстрантите во зградата. Фрлените пиротехнички средства кон владата само за момент го придвижија кордонот, но веднаш состојбата се смири.

Приведени се две лица, а полицискиот службеник кој доби лесни повреди од протехничките средства, по укажаната лекарска помош беше пуштен дома.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...