19.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаУште еднаш го допревме дното:Ја избркале од работа само неколку дена откако...

Уште еднаш го допревме дното:Ја избркале од работа само неколку дена откако им соопштила дека е бремена

spot_imgspot_img

-„Должен сум да ја информирам јавноста“ е комична репрлика од претставата „Народен непријател“ која ја предизвикува истата смеа како кога ќе ви се случи нешто толку шокантно што ќе ве одведе директно во лудило и ќе почнете да се смеете на нешто што е најмалку смешно.

Така и јас го почнувам ова мое обраќање кон јавноста, со целата присебност и свесност колку од мојата комоција е ставено под знак прашалник и колку репрекусии ме очекуваат во иднина.

Денеска сум известена дека мојот работен договор нема да биде продолжен без никакво објаснување. Ова одлука на менаџерството пред се, на Весна Дуковска, директорката на Просветно дело следува само неколку дена откако ги известив моите претпоставени дека сум бремена. Информацијата стигна во тек на моите подготовки за работа, како „гром од ведро небо“, а уште поголем шок ми беше тоа што при соопштување на одлуката не би беше предочена ниту една причина зошто е оваа одлука донесена. Очигледно не е поради непочит на моите работни задачи, кои до вчера многу темелно и посветено ги обавував, дури работев самоиницијативно дополнителен ангаажман во насока на промоција на издавачката куќа и го користев сопствениот социјален капитал да дадам дополнителен придонес во фирмата.

Додека размислував дали да ја прифатам оваа одлука тивко, без никаков револт затоа што и покрај тоа што сум шокирана и длабоко потресена во мојата одмината бременост, не сакав да ја продолжувам агонијата „барање на правда во бесконечен кафказијански ПРОЦЕС“, а и сепак живеам во Македонија па онаа изјава „Не затворај врата со газот“ или ако си ги бараш правата, можеби ќе си непожелна за секој иден работодавец затоа што ќе те третира како „конфликтна“ личност, јас сепак одлучив да ги искористам моите можности и пристап до јавноста и да ја споделам информацијата во име на сите жени кои го поминале или има опасност да го поминат истото затоа што сите ќутиме и се грижиме за сопствениот комфорт.

Јасно е дека приватните фирми во Македонија, каде единствено можете да се работите врз база и само на вашите компетенции имаат деспотски однос кон своите вработени и не чувстваат етичка, а уште помалку правна обврска да ги коментираат своите одлуки кои директно го менуваат животот на вработените, ама нив очигледно НИКОЈ ВО ОВАА ДРЖАВА НИТУ ИМ ПОКАЖАЛ, А НИТУ ГИ ПОТСЕТИЛ ДЕКА ПОСТОЈАТ ЗАКОНИ!

Се прашувам што би правела на мое место секоја жена на која работодавецот нема да и го продолжи договорот само затоа што е бремена, а при тоа ги нема истите можности, влијанија, јавен простор како мене? Веројатно не би се опоравила од шокот многу долго време, а за тоа што не би можела да си го обезбеди бебенцето материјално затоа што нема да ја вработи никој во поодмината бременост е уште поголема катастрофа. И, никому ништо нели? Господ ќе решава кој е крив, оти судови во Македонија се закржлавени за прашање како што е ова.

Сега сериозно се прашувам на што се осудени жените во Македонија? Ако сакаат да планираат семејство, нека се помират со фактот дека нема да бидат пожелни кај работодавците кои најмногу ги ценат оние што им се на „Да шефе“ за секое нивно сулудо барање и на тој начин ќе останат зависни од партнерот или пак, најдобро е, ако сакаме да имаме и малку достоинство, да ги криеме стомаците дури не ни пукне водењакот оти грев е да си бремена жена (паразит, неработник, им го јаде лебот на работодавците оти не може да се наведе ако и падне пенкалото и наместо 100% работи 99%). Ако пак сте мајка на малолетни дечиња и недај боже треба да се вработите, немој случајно да сте помислиле да барате отсуство кога детето ви е болно. Се знае се толерира до неколку пати, се над тоа е чисто претерување. Детето нека расте со бабите, во градинките, по школите, или на улиците, мајките мора да го задоволат работодавецот.

Пошто во животот секогаш се водам од вистината и праведноста, а во тој оган некогаш и сама горам до коски, а не од стравот, јас овој случај нема да го оставам на „жал ми е, одлука на директорката е последна“ туку ќе се борам дури и да имам само 1% правна основа. За етичкиот момент нека суди јавноста. И да, што ли се случува во помали фирми, ако во оваа гигантска, досега немало никаква реакција, а сигурно не сум првата на која и се случило истото? Моја обврска е во јавноста да зборувам и за овие теми, зошто знам дека не сум ОСАМЕН СЛУЧАЈ!

Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights
Народен Правобранител / Avokati I Popullit
Гласен Текстилец
Министерство за труд и социјална политика

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци...

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...