14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветОд мртви пациенти ваделе импланти, ги продавале и ги вградувале на живи-...

Од мртви пациенти ваделе импланти, ги продавале и ги вградувале на живи- Голем скандал ја тресе Романија.

Во Романија е покрената истрага против пет лекари, од кои еден е приведен, поради сомнеж дека продале стотина дефибрилатори и пејсмејкери извадени од починати пациенти, соопшти денеска романското обвинителство.

Еден од петте лекари, кои работеле во болница во Јаши, се наоѓз во притвор додека трае истрагата по обвинение за злоупотреба на положбата и примање поткуп, наведува обвинителството.

Според извештаите, тој лекар надгледувал група од четворица други лекари, кои му доставувале импланти за срце извадени од починати пациенти без нивно или одобрение од семејствата.

Лекарот е осомничен дека извршил 238 операции од 2017 година користејќи импланти од починати пациенти или од непознато потекло, со што неговите пациенти биле изложени на опасност од компликации или смрт.

Голем број од тие импланти, кои лекарот ги препорачал, не биле неопходни и биле препорачани врз основа на лажни дијагнози или претходно препишани лекови што би довеле до одредени симптоми, соопштуваат од обвинителството.

Романскиот здравствен систем е поткопан од корупција, неефикасност и управување под политичко влијание, пишуваат медиумите, истакнувајќи дека земјата изградила само една болница во последните 30 години, дека најмалку троши за здравството во ЕУ и дека десетици илјади лекари и медицински сестри емигрираат.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...