14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветСекој ќе заплаче кога ќе го погледне ова видео: Татко и ќерка...

Секој ќе заплаче кога ќе го погледне ова видео: Татко и ќерка повторно се сретнаа по земјотресот

Бројот на жртвите во Турција од час во час се зголемува и надмина 40.000 лица. Неколку илјади луѓе загинаа и во соседна Сирија. Меѓутоа, во низата на страшни сцени, турските медиуми јавуваат и за емотивни моменти каде спасени од под урнатините повторно се среќаваат со семејствата.

Четиригодишното девојче Гада Ајан и нејзиниот татко Ахмет повтотно се сретнаа откако со денови беа заробени во урнатините. Гада била спасена и пренесена во болница.

„Кога почна да се тресе, ја грабнав ќерка ми и целото семејство почна да бега. Куќата се урна врз сите нас“, рече Ахмет во интервју за Си-Ен-Ен Турк. За жал, неговата сопруга и седумгодишниот син не успеале да се спасат.

Ахмет го слушал плачот на синот додека бил заглавен. Гада лежела на ногата на Ахмет и двајцата биле заробени. На четвртиот ден под урнатините, Ахмет изгубил секаква надеж, но малата Гада не му дозволила да се откаже.

„Постојано ми велеше да престанам да плачам и да ја погледнам светлината што се пробива. Тоа ме одржуваше во живот“, рекол Ахмет. Гада поминала со гребнатинка, додека половина час подоцна спасувачите успеале да го ископаат и Ахмет.

„Тоа е моето девојче. Таа е мојот херој“, заклучил таткото на четиригодишната Гада, која заедно со него ќе мора да ја преброди загубата на сопругата и синот.

https://makfax.com.mk/svet/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE-%D0%B8-%D1%9C%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0/?fbclid=IwAR3zAWqSzadw41uyW8Ji9m-PnTzbwasnInX75GcBEOlO0RGs-WP23DIqeNw#brid_cp_Brid_76737097

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...