23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаСветСулејман Абдул Самед е висок речиси 3 метри и се заканува да...

Сулејман Абдул Самед е висок речиси 3 метри и се заканува да го собори рекордот за највисок човек на светот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приказната за највисоката жена на светот, која откри како почнала брзо да расте, воодушеви многумина, а највисокиот маж во Гана ја надмина со неверојатни 2,92 метри.

<

Имено, Сулејман Абдул Самед стана многу популарен во Гана и каде и да оди сите сакаат да се сликаат со него и сето тоа благодарение на неговата необична висина од речиси 3 метри.

Таа висина го прави највисокиот човек на светот, но има мал проблем бидејќи никој со сигурност не може да каже дали мерните уреди што ги користи болницата покажуваат точни резултати.

На Сулејман пред неколку години му бил дијагностициран гигантизам и оттогаш секој месец оди на редовни контроли. Но, на последниот преглед настанала неочекувана ситуација. Сулејман бил повисок од вагата во лекарската ординација, а зачудената медицинска сестра веднаш повикала колега.

„Тој сега е повисок од нашата скала“, рече таа.

Нејзината колешка им предложила да земат столб, да го закачат на врвот на вагата и со него да се обидат да ја измерат висината на Сулејман, пишува Yahoo news.

Токму поради овој нестандарден метод на мерење, никој не може со сигурност да каже дали навистина е висок 289 сантиметри. Веста за Сулејман брзо се прошири низ земјата, па поради тоа многумина застануваат и го поздравуваат на улица.

Исто така, тој не може да вози автомобил бидејќи неговите нозе се толку големи што го спречуваат правилно да го држи воланот, па дури и да влезе во автомобилот. За да влезе во куќата, мора целосно да го свитка грбот бидејќи рамката на вратата е прениска за него.

Кога го измериле експертите, се испоставило дека е висок 223 сантиметри, што е многу помало од она што го кажале лекарите во болницата.

Иако сегашниот рекорд го држи Турчин кој е висок 247 сантиметри, Сулејман не е загрижен и вели дека се надева дека еден ден ќе го претекне.

„Сè уште растам. Кој знае, можеби еден ден ќе ја достигнам таа висина. На секои три до четири месеци можете да видите промена во мојата висина“, вели тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...