21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаСвет34 годишен Албанец убиен во кафуле со ловечка пушка поради „вознемирување жена“...

34 годишен Албанец убиен во кафуле со ловечка пушка поради „вознемирување жена“ која била во друштво на убиецот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жена и наводно нејзино вознемирување од страна на 34-годишен Албанец стојат зад неговото бруталното убиство што се случи во понеделникот во раните утрински часови на грчкиот остров Миконос. За убиството е осомничен на 33-годишен Грк.
Според информациите кои ги пренесуваат грчките медиуми, 33-годишникот го оправдал својот чин на земање ловечка пушка и пукање во 34-годишникот со тоа што претходно вознемирил жена која била во негово друштво.

<

Крвавиот инцидент се случил во понеделникот во 6 часот наутро во бар кој служел како „афтер парти“ во областа Скајламбела во Миконос.

Според достапните информации, пред убиството имало тепачка меѓу сторителот, кој е сопственик на хотел и жртвата поради жена.

По тепачката, 33-годишниот Грк излегол од кафеаната за да се врати малку подоцна со ловечка пушка во рацете со која пукал и смртно го ранил 34-годишниот Албанец.

Кога бил уапсен, 33-годишникот бил во лоша состојба и очигледно бил под дејство на алкохол. Албанецот со години живеел на Миконос и купил вила во еден од најдобрите делови на „островот на ветровите“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...