16.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорката на Фондот за здравство: Не смеам да кажам дали некој ни...

Директорката на Фондот за здравство: Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам, рече генералната директорка на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, откако во јавноста се појави информација дека хакерите наводно побарале над 40 милиони евра во криптовалути.
Генералната директорка на Фондот за здравство Магдалена Филиповска-Грашкоска не открива дали и колку пари барале хакерите за системот да биде повторно вратен во функција.

<

Таа, само кусо им одговори на новинарите: „Отворена е истрага за случајот“.

– Не смеам да кажам дали некој ни побара откуп. Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам – рече Филиповска-Грашкоска, откако во јавноста се појави информација дека хакерите наводно побарале над 40 милиони евра во криптовалути.

На прашањето зошто 14 дена никаде ја немало со изјава пред јавноста, таа рече дека во тие моменти макотрпно се работело на справување со проблемот.

– Не бегав овие 14 дена, по цели денови работевме во Фондот. Тоа беше масовна операција. ИТ тимот работеше деноноќно за да ги врати функциите на системот во рекордно време. Велам во рекордно време затоа што, статистички, во многу поразвиени земји, просечно им требало 20 дена за да ги вратат функционалностите – изјави директорката.

Филиповска-Грашкоска, не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот.

Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот.

Според Филиповска-Грашкоска, истрагата ќе покаже кој е виновен.

– Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за да има сѐ подобра услуга за граѓаните. Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избрзано и некоректно е да посочам со прст во некого за вина – рече Грашкоска.

Таа не сакаше да го коментира одморот на другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети, па побара новинарите лично да го прашаат нејзиниот колега.

– Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и за брифингот, но согласно решението, тој е сѐ уште на одмор – додаде Филиповска-Грашкоска.

Фондот за здравство на денешниот брифинг со новинарите извести дека по хакерскиот напад, од вчера продолжила исплатата на обврските и парите легнале на сметка на здравствениот персонал, аптеките и добавувачите на јавните здравствени установи.

Финансискиот директор Миле Сугарев рече дека ФЗО во изминатиот период не седел со вкрстени раце и дека цело време се работело на деблокада на системот по хакерскиот напад.

Филиповска Грашкоска рече дека целиот систем на ФЗО е на сервери, а допрва треба податоците да се пренасочат во заштитен клауд систем.

– Ние отворивме тендерска постапка за клауд систем и таа постапка траеше до 22 декември. Во тој клауд простор треба да се префрли целиот систем, да се мигрира таму со податоците, бидејќи клауд системот е многу посовремен и побезбеден – изјави директорката.

Таа ги отфрли шпекулациите дека при мигрирање на податоците од серверите во клауд системот е направен сајбер нападот и нагласи дека допрва треба да започне оваа миграција.

Првиот човек на Фондот упати апел до граѓаните дека личните податоци на граѓаните се заштитени и дека нема да бидат злоупотребени.

– Нападот беше насочен само кон виртуелните системи, додека податоците на граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи со голо око, освен со виртуелна апликација. Значи нема одлив на податоците на граѓаните. Гарантирам дека податоците на граѓаните не се афектирани – посочи Филиповска-Грашкоска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...