27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес ќе правеше 75 години- На денешен ден е роден Македонскиот Цар...

Денес ќе правеше 75 години- На денешен ден е роден Македонскиот Цар !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес ќе правеше 75 години <3 :'(☦ Роден е на 26 Февруари 1948 година во Богданци. Син е на Ристо и Катерина Колозови. Важи за еден од најпопуларните глумци што некогаш се појавиле во Македонија! Љубовта кон народната реч, кон она што се нарекува македонски фолклор и традиција најпрво ја наследува од својот татко Ристо, кој исто така се интересирал и собирал народни приказни и умотворби. Неговата кариера главно ја одбележува најгледаната серија на сите времиња што некогаш се снимила во Македонија, Македонските народни приказни. Главен "виновник" за популарноста на оваа серија е токму тој, со неговиот претпол лик, уникатниот изглед и угушливата и природна насмевка! Станува миленик на народот. Ретко докажан глумец, на кој му лежеа баш сите улоги, толкувајќи од селанец до цар, од сиромав до чорбаџија и од ѓавол до Господ... Народот најповеќе го памети како ЦАР со богати трпези, а тој како слатко "черечи печено коковче." Приказните покрај тоа што имаа за цел да бидат поучни и занимливи, Ѓорѓи строго внимаваше на народниот збор, дијалект кој произлегуваше од писанијата на Марко Цепенков кои пак го опфаќаа Прилепско-Битолскиот регион. Тргнувајќи од таму магијата на Колозовите приказни беше топла и прифатлива за сите возрасти! Тројцата авантуристи, ентузијасти и љубители на народната реч...Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова и сценаристот Димитрија Паволовски од периодот на 1984 до 2003 година за Македонската телевизија реализираат блиску 300 епизоди од овој бесценет проект. Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав. Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек! Бог да го прости и да му дарува царство небесно! Текст и изработка: Горан Марковски.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...