25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаАмерика ќе и помогне на Македонија да влезе во ЕУ.

Америка ќе и помогне на Македонија да влезе во ЕУ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот заменик-помошник државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во изјава за МИА денеска рече дека „САД ќе подржат сѐ што ќе ги внесе (Македонците з.н.) во ЕУ брзо и мирно“.

<

-Продолжуваме да работиме со Владата на С. Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ, посочи Ескобар.

Рече дека двете земји, Македонија и Бугарија, се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат меѓусебни мирни и продуктивни односи.

Ескобар вчера учествуваше на средбата на високо ниво меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти. На средбата учествуваше и Џозеф Борел, висок преставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност.

САД силно го поддржуваат дијалогот меѓу Србија и Косово модериран од ЕУ, иако Вашингтон не е вклучен во процесот на нормализација на односите меѓу двете страни, изјави Ескобар.

-Ние целосно и силно го подржуваме процесот, но не сме дел од него. Тоа е процес модериран од ЕУ и треба да биде модериран од ЕУ, но целосно го подржуваме, како политички така и финансиски, преку изградба на капацитети и други начини.

Ескобар потврди дека на средбата вчера, владите на Србија и Косово се договориле да се оди напред со предлогот на ЕУ за нормализација меѓу двете земји, кој опфаќа и признавање и регистрација на заедница на српски општини во Косово.

-Европскиот предлог не е за заемно признавање меѓу двете земји, туку за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Ескобар.

На прашање во врска со војната во Украина и колку таа криза влијае во ЕУ и на Западен Балкан, тој рече дека кризата во Украина е закана по европската безбедност.

-Кризата ги фокусира сите кон заканите по европската стабилност, внатрешни и надворешни, и кон проширување на трансатлантската безбедност… Србија потврди дека нивното конечна цел е да бидат дел од ЕУ, и мислам дека кризата влијае луѓето да се фокусираат да работи кон тоа ова да стане реалност, изјави Ескобар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...