17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКлиника Жан Митрев: Судот донесе решение, треба да престанеме да работиме!

Клиника Жан Митрев: Судот донесе решение, треба да престанеме да работиме!

Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.

Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес.
Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање.

Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.

Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седум месечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес.

Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев.

Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“ Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.

Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев.

Извор:4news

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...